Во текот на бременоста телото поминува низ големи промени, што го вклучува и крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта, хормоните, па сето тоа може да доведе до вртоглавица. Сосема е нормално да ја почувствувате на почетокот од бременоста, но може да продолжи и во следните месеци. Што да направите во тој случај?

-Седнете и смирете се за да не паднете. Ако имате можност, ставете ја главата помеѓу колената. Секогаш кога седнувате и станувате, правете го тоа полека.
-Ако имате можност да легнете, секогаш легнувајте на лева страна. Тоа ја зголемува количината на крв во вашиот мозок, па веднаш ќе се чувствувате подобро.
-Земете некоја ужина, овошен сок или вода за да го кренете нивото на енергија.
-Ако облеката ве стега, задолжително откопчајте се или ако сте во можност, соблечете се.
-Ако сте во непроветрен простор, полека одете до места каде што има повеќе воздух и помалку луѓе.

Како да ја спречите вртоглавицата во бременоста?

-Немојте никогаш нагло да станувате или да седнувате.
-Немојте предолго да лежите на грб или во една иста положба. Најдобра положба е на левата страна.
-Јадете редовни оброци во кратки интервали, за шеќерот да не ви паѓа. Избегнувајте големи растојанија помеѓу оброците.
-Избегнувајте врели бањи бидејќи може да го прегреат телото.
-Правете лесни вежби.
-Пијте доволно вода за да не дехидрирате.
-Внесувајте доволно железо.

Кога треба да се обратите на лекар?

Ако вртоглавиците се премногу чести, а се проследени и со заматен вид, болка во градите, скратен здив, вагинално крвавење, важно е што побрзо да се јавите на лекар.

Извор



912

X