Додека не добиете дете, никогаш не знаете каков родител ќе бидете вие или вашиот партнер. Но, воспитувањето на децата има тенденција да ја разјасни психологијата на една личност, оставајќи ги силните и слабите страни да излезат на површина. Бидејќи, без оглед дали децата имаат тантрум или не, родителите ја избираат реакцијата некаде помеѓу себичноста и несебичноста.

Сепак, за нарцисоидните родители реакцијата секогаш ќе биде себична во крајност. Сè што прави нивното дете е одраз на тоа кои се тие како личност, а резултатите не се особено здрави.

Како да забележите нарцисоиден родител или дали ќе ги препознаете тие карактеристики во себе?

Важно е да се разбере дека постојат родители кои имаат супклинички нарцисоидни склоности и такви што имаат состојба наречена нарцисоидно растројство на личноста. Нарушувањето е позастапено кај мажите отколку кај жените, но е многу ретко.

– Родителите со нарцисоидно растројство на личноста имаат тешкотии во приспособувањето на потребите на своите деца. Резултатот е надуено его и неможност за справување со сопствените емоции. Тие бараат другите да се грижат за нив и очекуваат да го добијат она што го сакаат – вели Вилијам Шредер, лиценциран професионален советник.

Други нарцисоидни родителски црти

Супклиничките нарцисоидни родители ги делат истите карактеристики со родителите со нарцисоидно растројство на личноста. Еден заеднички атрибут е дека тие не можат да ја одделат сопствената вредност од достигнувањата на своето дете, вели д-р Лори Холман, псхиоаналитичар.

– Таквиот родител е незаситен за восхит и публика која редовно ќе го фали. Ако почувствува каква било критика, дури и ситница, тој може да покаже непотребен бес кон членовите на семејството – вели Холман.

Нарцисоидните родители ги окупираат животите на своите деца. Тие очекуваат совршенство, но честопати не успеваат да им овозможат на своите деца признавање на нивните достигнувања. Наместо тоа, тие избираат сами да ги земат заслугите за работата што ја направило нивното дете. Резултатот е родител кој е и надмоќен и контролира, но е и емоционално оддалечен и не дава позитивно внимание.

Како влијаат нарцисоидните родители врз децата?

– Не е лесно да препознаете дете воспитано од нарцис. Всушност, инхерентното однесување на нарцисоидните родители може ефикасно да ги прикрие сериозните проблеми со кои се соочуваат нивните деца – вели клиничкиот психолог Ајми Дарамус.

– За луѓето надвор од семејството, тешко е да забележат бидејќи детето е во ред, има одлична облека и одлични оценки, а се жали за родителите. Тогаш детето добива порака дека е неблагодарно за сè што има, а вистината е дека е изманипулирано и емоционално малтретирано за да го задоволи родителот-нарцис – додава Ајми Дарамус.

Она што детето го доживува и она што луѓето го перципираат може да резултира во длабоко чувство на вознемиреност. Заедно со вознемиреноста може да дојде и до депресија и ниска самодоверба. Во некои случаи децата го следат примерот на родителите, па и самите добиваат нарцистички црти.

Терапијата е најдоброто решение за сите вклучени во семејството со нарцисоидни родители. Но, убедувањето на овој родител да побара помош може да биде исклучително тешко. Родителите кои веруваат дека воспитуваат дете со нарцисоиден партнер треба да побараат помош и за себе и за своето дете.

Извор



912

X