Кога се соочуваат со предизвиците на дисциплинирање на децата, родителите често се осврнуваат на начините од нивните сопствени родители, понекогаш со штетни резултати. Родителството не е лесно и без разлика на која возраст се вашите деца, лесно е да се згреши.
Една од клучните работи што ги научив е дека кога дете има излив на бес, нема простор за резонирање.
Спротивно на популарното верување, тантрумите не се моменти од кои може да се извлече поука. Многу е важно да се остане смирен кога детето не се однесува како што треба и потоа, кога ќе се смири, да се отворат линии на јасна комуникација. За тоа како им помага на родителите да останат смирени во вакви ситуации, зборува авторката на „Дисциплина за петка“ и педијатар д-р Кандис Џонс. Следуваат нејзините приоритетни начини да се остане смирен кога детето не се однесува како што треба:

-Бројте до 10 пред да одговорите. Ова може да биде превенција за реакција.
-Вежбајте свесност. Ќе ви помогне да се здобиете со самоконтрола. Тоа вклучува дишење и техники за релаксација.
-Обидете се со скенирање на телото. Фокусирајте се на различни делови од вашето тело и како тие делови се чувствуваат за да ви се одвлече вниманието, да се опуштите или да се приземјите.
-Кога сте фрустрирани или лути, тргнете се од ситуацијата за да се приберете. Не мора да одговорите веднаш.
-Користете потврдни тврдења. Се чувствувам тажно кога ја повредуваш сестра ти. Те молам држи ги рацете до себе.
-Обидете се да разберете и да сочувствувате со вашето дете за да разберете зошто тоа се однесува на тој начин. Има ли нешто што можете да го направите подобро за да поставите основа за успех во однос на неговото однесување?
Автор: Шерон Фиерајзен