Понекогаш, без оглед на тоа колку се трудите вашето дете да биде здраво, да го спречите да допира тоалети и да ги става рацете в уста, бактериите повторно победуваат.

Добро познат факт е дека децата често си пренесуваат бактерии меѓу себе. Ако вашето дете е едно од оние што фаќаат сè наоколу, а вие постојано земате боледување за да останете дома со него, сфаќаме како ви е. Но, обидете се да не се нервирате многу.

Ова се неколку начини со кои би можеле да го задржете здравиот разум кога вашето дете постојано се разболува.

Смислете резервен план

Ако работењето од дома е вашиот план, тогаш осигурете се дека можете да имате пристап до сè што ви е потребно. Секако, треба да ги имате со вас сите потребни работи, како детски сируп, пижами и лекови за брзо да можете да реагирате.

Обидете се да направите да се чувствува подобро

Ова е очигледно, но треба да знаете дека ако вашето дете е посреќно, и вие ќе бидете посреќни.

Олабавете ги правилата

Кога децата се болни, оставете ги да гледаат телевизија колку што сакаат и да јадат за појадок што сакаат. Сега не е време да им држите лекции и да ги терате да се придржуваат до правилата. Вашето дете брзо може да се врати на вистинската патека и да ги следи вашите правила кога ќе се чувствува подобро и на тој начин неговите рутини ќе се вратат во нормала.

Бидете отворени и искрени

Кога станува збор за вашата работа, потребно е да бидете искрени со вашите колеги и вашиот шеф – вашето дете (повторно) е болно, па вие мора да останете дома и да работите од дома (повторно). Ова е само привремено. Најдоброто нешто што можете да го направите е да им кажете искрено што се случува и да се обидете да одговорите на е-пораките и задачите што се бараат од вас.

Работете со партнерот

Пред да почне сезоната на грипови и настинки, обидете се да направите план со партнерот за тоа како ќе менаџирате со деновите кога вашето дете ќе биде болно. Дали наизменично ќе земате денови? Или ако некој од вас е позафатен во тој период од годината, обидете се да бидете флексибилни.

Запомнете дека е привремено

Сигурно дека ви е скршено срцето кога вашето дете е болно, но тоа нема да трае многу долго. Децата брзо оздравуваат, па затоа треба да имате на ум дека нема да трае вечно – на тој начин полесно ќе си го зачувате разумот.



912

X