Милиони родители во Америка сега се и делумно или целосно вакцинирани против ковид-19. Но, за милиони деца таа опција се уште е далечна. Додека многу тинејџери на возраст од 16 години и постари сега може да се вакцинираат (а новите податоци од Фајзер посочуваат дека вакцината е безбедна и многу ефективна кај деца и на возраст од 12 години), сепак, моментот кога овие деца ќе се вакцинираат изгледа далечен.

– Изгледа дека повеќето од децата нема да бидат вакцинирани до крајот на годинава и почетокот на следната – изјави Стивен Абеловиц, педијатар од Оринџ Каунти, Калифорнија. Тој потенцира дека дури и најдобрите прогнози во моментов се шпекулации.

Тоа значи дека родителите се во чуден период кога тие одеднаш имаат заштита, но нивните деца немаат. Можеби е чудно чувството да бидете само вие вакцинирани, но запомнете и дека препораките за деца во однос на ковид-19 и за другите вакцинирани луѓе не се променети, вели Абеловиц. Децата и понатаму треба да се штитат преку носење маски, да избегнуваат метежи и собири и непроветрени простории и често да ги мијат рацете. Но, поминувањето време внатре со вакцинирани членови од семејството сега е безбедно. Луѓето што се целосно вакцинирани сега може да поминуваат време на затворено без маски со оние што не се вакцинирани, сè додека невакцинираните индивидуи не се под висок ризик за сериозни компликации од ковид-19, велат од Центарот за заразни болести и превенција во САД. Тоа значи дека ако вашето дете има возрасен во својот живот кој е целосно вакциниран, може да се дружи со него и во затворен простор без да се грижите дека ќе го добие вирусот. (Се разбира, сè додека ризикот е низок).

Сето ова е добра вест за многу баби, дедовци, тетки, вујковци и дадилки – лицата кои децата ги обожаваат.

Да биде јасно: Ако вие сте вакцинирани, тоа не влијае директно врз личниот ризик на вашето дете за добивање ковид-19 – освен ако не доите, за што има докази дека вие всушност пренесувате антитела. Па, ако вашите деца се изложени на ковид-19 на училиште или некој кој е заразен се искашла пред детето за време на лет за семеен одмор, вашата вакцинација не е поврзана со одржување на здравјето на детето. Па, кога родителите се вакцинирани, на одреден начин, тоа влијае врз нивото на ризик на кое е изложено детето.

– Она што го научивме преку поголемиот дел на епидемиолошките студии е дека децата се заразуваат од нивните домашни контакти – вели Дејвид Ценимо, педијатриски експерт за заразни болести. „Па ако родителите се вакцинираат, многу е мала шансата тие да го донесат ковид-19 дома. Во однос на математичка пресметка за прашањето – Колку се заштитени тие? – одговорот е дека се многу позаштитени сега откако ја добиле вакцината – додава тој. Сепак, не сме ниту блиску до моментот кога имунитетот на стадо ќе понуди подиректна заштита.

Ако сакате да го намалите ризикот, прашајте за вакциналниот статус. Ако планирате активности, тогаш земете предвид дека активностите на отворено се помалку ризични во секој случај. Исто така, поголемите простори се побезбедни од помалите. Да се биде во мала група или воопшто да не се биде дел од група е побезбедно отколку поголемо групирање.

Но, една работа е променета: Сега дефинитивно треба да ги прашувате луѓето за нивниот вакцинален статус, што може да биде непријатен разговор.

„Ако вашето дете треба да оди некаде за да си игра со друго дете, вие би сакале да знаете дали возрасните во тоа домаќинство се вакцинирани. Бидејќи ако се, тогаш веројатноста за ширење и заразување со вирусот е многу мала“, вели Ценимо.

Сепак, оваа ситуација е тешка за сите. Нема лесни одговори, а родителите ќе продолжат да носат одлуки кои за нив се правилни. Родителите, исто така, треба да се зајакнат во смисла на сфаќање и на потенцијалните придобивки од оставање на децата да се поврзат повторно со пријателите и да се забавуваат. Треба сè да се земе предвид. „Луѓето треба да размислат за своите нивоа на удобност, па со потребното и соодветно следење на насоките, да ги сведат своите активности на удобност и пријатност“, заклучува Ценимо.

Автор: Кетрин Пирсон

Извор



912

X