Дали сте изморени од игнорирање? Дали се лутите кога децата се бунтуваат или незаинтересирано ви велат „не знам“? Понекогаш е важен начинот на кој ги поставуваме прашањата, па ова се само неколку од најважните фрази што родителите ги користат секој ден, а чија мала промена сигурно би дала многу подобар резултат.
Наместо: „Како беше на училиште?“, обидете се со: „Кој ти беше најдобар дел од денот?“
Наместо: „Собери ги играчките!“, обидете се со: „Вечерата ќе биде спремна кога ќе ги соберете играчките“.
Наместо: „Смири се!“, обидете се со: „Длабоко вдиши кога ќе бидеш подготвен“.
Наместо: „Зошто плачеш?“, обидете се со: „Сега си многу тажен?“
Наместо: „На што мислеше?!“, обидете се со: „Кога точно ти исчезнаа автомобилите од рака?“
Наместо: Браво!“, обидете се со; „Беше потребно многу трпение за да ти успее тоа“.
Наместо: „Не разговарај така со мене!“, обидете се со: „Користи љубезен тон кога разговараш со мене, те молам“.
Наместо: „Доста! Секој во својата соба!“, обидете се со: „Знам дека ти и твојата сестра ќе најдете решение“.
Наместо: „Што се случи?“, обидете се со: „Гледам дека имате нешто на ум, дали сакате да разговарате за тоа?“
Наместо: „Нема телевизија десет дена!“, обидете се со: „Толку сум ви лута што не можам во моментов да зборувам за тоа што го направивте“.
Кои се вашите трикови за подобра комуникација?