Тешко ви е во секојдневието да ги сочувате мирот и нервите бидејќи вашите деца постојано ве ставаат во искушение. Тогаш викате, па се чувствувате лошо затоа што ве мачи чувство на вина. Сигурно ве интересира како можете да останете смирени и да си ги зачувате нервите?
Наместо постојано да губите контрола над себеси, можете да се обидете со следново:
– Внимавајте на себе. Редовно допуштајте си паузи. Ако сте изморени или под стрес, лесно ќе збеснете.
– Не сте сами. Прифатете помош или замолете за помош.
– Обидете се да размислите во кои ситуации често ги надминувате границите. Потоа размислете како да ја избегнете или ублажите таа ситуација.
– Гледајте ја ситуацијата од друга перспектива. Дали навистина е толку лошо колку што мислите?
– Блиску сте да ја изгубите контролата? Дишете длабоко, тоа ќе ви помогне.
– Бројте од 1 до 10 или наназад и во устата држете голтка вода. Тоа ќе ве смири.
– Сакате да пеете? Најдете некоја песна што ви се допаѓа и пејте ја. Ќе ви помогне да ја извадите негативната енергија.
– Разговарајте со детето и кажете му ги своите чувства.
– Ништо не помага? Ако е можно, напуштете ја просторијата.
– Не сте лоша мајка ако сте гласни. Вие сте само човек од крв и месо и имате граници. Вашето дете мора да научи дека и возрасните имаат чувства. Ако сте викале и сега ви е криво, извинете му се на детето и објаснете му што се случило.
Автор: И.Ш.