Доаѓа часот кога треба да се оди на училиште и баш кога мислите дека сè е во ред, повторно ги слушате зборовите: „Мамо, јас не сакам да одам на училиште“. Секој ден истата приказна, која обично завршува со расправии и солзи. Се обидувате да го смирите детето, но вашите зборови нема кој да ги слушне. Детето е убедено дека има многу причини за грижа и дека нема сè да биде во ред. Во овие ситуации ви се потребни магични зборови.
Ако вашето дете се бори со анксиозност и страв, сигурно сте сосема свесни колкав е предизвикот да се најдат вистинските зборови кога детето е загрижено. Не е лесно да се поврзете со детето, а да не го зголемите стравот, а истовремено да понудите поддршка и охрабрување. Ова се речениците што ќе ви помогнат токму во вакви моменти:

1. Мама е тука. Безбеден си!

Анксиозноста е чувство кое прави некои работи да изгледаат многу полошо и пострашно отколку кога не сме загрижени. Овие зборови ќе понудат сигурност и утеха кога детето чувствува дека губи контрола.

2. Зборувај ми за тоа што те плаши.

Дајте му на детето простор да зборува за своите стравови без престан. Бидете трпеливи, дајте му време да ги протолкува своите мисли. Не обидувајте се да ги поправите работите или да нудите решенија, некогаш е полесно на детето да му дадете само одредено време.

3. Колку е голема твојата грижа?

Помогнете му на детето да ја вербализира големината на својата грижа и да ви даде појасна слика за тоа што значи таа за него.

4. Што би ѝ порачал на својата грижа?

Објаснете му на детето дека неговата грижа е како досадна бубачка која е постојано тука и му зборува да се грижи. Заедно смислите неколку реченици кои би ѝ ги порачале, па детето потоа само нека ги применува. Користете и различни гласови за детето да се релаксира, па и да се насмее.

5. Дали можеш да го нацрташ својот страв?

Многу деца не можат да ги изразат своите емоции со зборови. Ако е и вашето дете во таа група, охрабрете го и поттикнете го да ја нацрта и обои својата грижа на хартија. Кога ќе заврши, дајте му некое мислење и дајте му шанса да го објасни значењето на својот цртеж.

Децата што се плашат често се чувствуваат заглавени во круг од кој не гледаат излез. Помогнете му на вашето дете да ги согледа повеќето опции така што ќе му кажете да ја раскаже својата приказна, но и да го остави крајот отворен. Па дајте му неколку нови завршетоци. Фокусирајте се вашето дете да го надмине својот страв со сигурност.

6. Што уште знаеш… (дополнете ја реченицата со она од што се плаши детето)?

Некои деца се чувствуваат посилни кога имаат повеќе информации за причината за својот страв. Ако вашето дете спаѓа меѓу овие деца, обидете се да набавите книга за работите од кои се плаши и заедно истражувајте за тоа на интернет. Најдете одговори на прашањата.

7. Која техника за смирување сакаш да ја користиме?

Прво направете листа со техники за смирување во кои ужива вашето дете. Тоа може да биде некоја игра, омилена музика, играње, цртање, читање и слично. Вежбајте ги тие активности кога детето е мирно и запишувајте ги на заедничка листа убавите работи. Потоа, кога ќе видите дека детето е загрижено и анксиозно, предложете му да одбере нешто од листата и така да се смири.

8. Сега ќе вдишеме длабоко.

Ако ви се случи на детето да му дадете можност да одбере техника на смирување, но да не ја спроведе зашто е многу загрижено и исплашено, користете се себеси како техника за смирување. Вербализирајте го она што го правите и како се чувствувате поради тоа. Можете да го земете детето в прегратка за да почувствува како вашите бели дробови се шират и собираат додека дишете. Покажете му дека го разбирате неговиот страв.

9. Едвај чекам да ми зборуваш за…

На секој родител му е тешко да го гледа детето како страда од загриженост. Охрабрете го дека ќе го преживее тоа тешко чувство кое го спречува да направи нешто така што ќе ја промените темата за која ќе разговарате заедно подоцна.

10. Што ти треба од мене? Како можам да ти помогнам?

Наместо да претпоставите што му е потребно на детето, дајте му шанса да ви каже што ќе му помогне. Ако не можете да помогнете, дајте му го тоа што го сака преку фантазија.

11. Тоа чувство ќе помине. Мама ти ветува.

Оваа реченица можете да ја користите кога детето е на врвот од паниката. Сите чувства кога-тогаш поминуваат. Објаснете му дека иако знаете дека му е многу тешко, тоа не треба да се фокусира само на тој момент, туку и на олеснувањето, кое  брзо ќе дојде.



912

X