Се разбира, не е пријатно детето да се има црвенило на газето, но за жал ова секогаш не може да се избегне. Тоа го знаат сите мајки.

Можеби детето реагира на некоја храна или зачин, можеби се виновни забите додека излегуваат. Како и да е, проблемот се јавува брзо и тешко дека ќе ја откриете причината за црвенилото, па затоа подобро е да размислувате за негата. Филозофијата е едноставна: често менување на пелената и сушење на кожата. Еве неколку совети:

– За почеток, почесто менување на пелената и чистење на газето со обична вода.
– Кога го преслекувате, оставете го детето малку без пелена за да може да се исуши кожата. Така најлесно и најбрзо ќе заздрави.

– За чистење можете да употребувате и памучни марамчиња со масло.
– Пред да ја ставите пелената, намачкајте го бебето со соодветен крем за заштита на кожата.
– Избегнувајте влажни марамчиња бидејќи тие дополнително ја иритираат веќе воспалената кожа.

Внимателно кога ја сушите кожата со фен!

Некои деца уживаат кога им ја сушите кожата со фен кај делот од пелената. Иако тоа им е пријатно, топлиот воздух ја суши кожата, па затоа е препорачливо овој метод ретко да се користи. И бидете внимателни бидејќи топлиот воздух го отпушта детето, па тоа може и да се помоча.



912

X