* За време на оброците, понудете му разновидна храна: главно јадење, леб, друга скробна храна, путер, овошје, зеленчук… и дозволете му да си одбере од понуденото.
* Подгответе вкусен оброк кој притоа и ќе изгледа убаво. Обидете се атрактивно да ја аранжирате храната. Меѓу другото, децата ги сакаат светлите бои (на сендвичот ставете морков, домат, магдонос…).
* На детето не му е важна некаква „специјална“ храна (затоа оставете ги вашите готварски експерименти), туку храна што лесно се џвака и голта. Не гответе без маснотии бидејќи тие го подобруваат вкусот на храната.
* Детето нека помага при подготвувањето на храната, а може и самото да си ја сервира. Предупредување: ако ставите премногу храна во неговата чинија, можеби нема ни да се обиде да јаде. Имајте предвид дека детската порција изнесува од една четвртина до една половина од порцијата за возрасни. Затоа, сервирајте помали порции.
* Не терајте го детето да ја испразни чинијата, дури и ако самото си ставило храна. Како и вашите, и неговите очи можат да бидат погладни отколку стомакот.
* Избегнувајте ги правилата: „Земи од сè помалку“ или „Ако нешто си зел, мораш целото да го изедеш“.
* Ограничете му го овошниот сок на 120-180 милилитри бидејќи го намалува апетитот за друга храна.
* Дозволете му сок заедно со појадокот или ужината, а не меѓу оброците. Тогаш дајте му вода да ја угаси жедта.
* Кога малото дете сака да стане од масата, пуштете го. Не враќајте го на масата до следниот редовен оброк. Инсистирањето да остане на масата ќе направи детето помалку да јаде.

* Не продолжувајте го времето на оброците, не присилувајте го да остане на масата додека сите од семејството да завршат со јадењето – бидејќи тоа кај него ќе предизвика негативни емоции кон јадењето.
* Избегнувајте форсирање. Претворањето на оброкот во борба обично не помага, напротив – создава отпор кон храната.
* Направете план за оброци – со три главни јадења и две ужини.
* Избегнувајте да му давате грицки и колачи кои се богати со калории, а сиромашни со протеини.
* Во сендвичите додајте сирење и зеленчук.
* Печурките спаѓаат во таканаречени апетизери – храна за зголемување на апетитот (ставете ги во пица, мешани јадења од зеленчук, супи…).
* Некои нутриционисти препорачуваат храна која ќе обезбеди повеќе калории, да кажеме со повеќе протеини кои го потпомагаат растењето.
* Направете пријатна атмосфера за време на оброците. На детето дајте му доволно време да се смири пред јадењето.
* Понекогаш апетитот на детето не е „синхронизиран“ со семејните оброци. Важно е тоа да го „слуша“ својот организам и да јаде кога е гладно, па добро би било одвреме-навреме да му се даде лесна ужина додека се подготвува главниот оброк.
* Не користете ја храната како награда.
* Дозволете му на детето само да одбере колку ќе јаде во текот на оброкот (верувајте во неговиот центар за апетит).
* Подготвувајте мали ужини меѓу оброците.
* Никогаш немојте да го храните детето ако е во состојба самото да јаде (возраст околу 12 месеци).
* Кога се уморни, малите деца не се расположени за јадење.
* Не коментирајте дека детето малку јаде за време на оброкот, но немојте ни да го фалите претерано бидејќи тоа јаде за да ги задоволи своите потреби.
* Исклучете го телевизорот за време на оброкот.
* Уживајте во јадењето и помогнете му на детето и тоа да ужива со вас.
* Размислете за употреба на витамински препарати. Тие не се неопходни, освен ако исхраната не е добро избалансирана или не ги задоволува потребите на детето. Најдобро е да се посоветувате со педијатар за вклучување витамински додатоци во храната.

 



912

X