Воспитување

Како да му го олесните заминувањето од паркот на детето

Напуштањето на паркот може да биде многу трауматично искуство за повеќето деца, но многу често и за родителите кои не знаат како најдобро да постапат во вакви случаи и да избегнат изливи на бес или солзи. Како што објаснува психологот Ерин Лејба, родителите можат да направат неколку работи за да им олеснат на нивното дете кога треба да се напушти паркот.

Важно е да му се најави заминувањето на детето. На пример, кога е време да си одите дома, треба мирно и смирено да му дадете до знаење дека наскоро треба да го напушти паркот и дека неговата игра ќе заврши. „Знам дека ти е убаво, уште малку, па си одиме дома“ – ова е реченица која ќе го подготви детето да си оди, но сепак ќе му даде можност уште малку да ужива во играта.

Потоа, објаснува психологот, препорачливо е да се додаде некој ритуал при заминувањето за да се направи транзицијата што е можно побезболна. Реченицата како „Кажи му чао на паркот, па-па“, често е еден од одличните начини да му помогнете на детето при заминувањето. Тоа ќе му стане навика и забава на детето, а притоа ќе го смири.

И конечно, Лејба советува родителите да му дадат конкретна работа или задача на своето дете за патувањето дома. Ова може да вклучува пуштање музика во автомобилот на патот кон дома, да ги вози играчките во количка и слично. Помага сè што на некој начин ќе го насочи вниманието на детето кон нешто друго, советува психологот.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top