Познат ви е тој момент кога вашето дете ви кажува:

„Не сакам да ја напишам домашната задача“.

„Ова е премногу тешко, не знам, не можам“.

Моменти кога чувствуваме фрустрација, беспомошност, страв, гнев… Моменти кога најчесто влегуваме во убедувања и дискусии со децата. Еве што можете да направите во тој момент за да избегнете расправии со децата и да ги придвижите во позитивна насока:

Најпрво поврзете се со детето и ситуацијата што се случува пред вас. Користете емпатија, но навистина. Не само зборовите, туку и вашиот тон и израз на лицето мора да бидат координирани.

„Ох, навистина не сакаш да ја завршиш домашната задача денес.“

Користете преувеличување, но не и задевање, кога детето вели:

„Ова е толку тешко, не можам да го направам ова, има толку многу домашна работа“.

„Ох, колку би било прекрасно ако наставникот понекогаш рече дека за домашна задача треба само да играш. Дали некогаш го сакаш тоа?“

Што правиме овде? Наместо да сме против детето – „Мораш да правиш вака или така“, ние се поврзуваме со него, со неговата фрустрација, со неговиот проблем. Детските фрустрации, желби, стравови ги вадиме на површина. Само кога детето ќе го почувствува вашето разбирање и прифаќање, насочете го во правецот во кој вие сакате. Покажете верба во детето.

„Хм, таа домашна задача навистина изгледа тешка. А ти си дете кое може да прави тешки работи“.

„Да, училиштето понекогаш е досадно, само седите мирно и мора да правите што ќе ви кажат. Хм. Мора да има некои работи во училиштето што ти се допаѓаат“.

А потоа направете мали чекори. Сигурно сакате да го научите вашето дете на трпение, еве можност да го покажете вашето трпение.

„Имаш 5 задачи. Тоа е многу. Можеш ли да завршиш една?“

Помогнете му на вашето дете да ја скрши таа голема домашна задача на мали делови што нема да го обземат и да го натераат да се чувствува неспособно. Така детето добива позитивен моментум кога го прави тој мал дел. Така детето чувствува задоволство затоа што завршило задача. Така го развива чувството „Јас можам да го направам тоа“, наместо „Не можам да го направам тоа“.

На тој начин не влегувате во кавги и навистина работите на решение.

Расправиите и кавгите за домашните работи не само што не го решаваат проблемот, туку го прават уште поголем. Применете ги овие упатства за да им помогнете на вашите деца на долг рок.

Автор: Винка Радојковиќ

Извор



912

X