Дали имате тинејџер кој има проблем со социјализацијата и стекнувањето пријатели? Ако вашето дете се дружи со лица кои не го третираат добро, вие како родител би можеле да помогнете. Детето може да ви тврди дека сѐ е во ред, но да не е така. Всушност, социјалната изолација може да влијае врз социјалните вештини кај тинејџерите. Добрата вест е дека е можно да се научат социјални вештини.

Ова се 5 начини на кои родителите може да им помогнат на тинејџерите што имаат проблеми со склопувањето пријателства.

Проценети ги неговите пријателства

Помогнете му на детето да процени што значи добар пријател и кои чекори се потребни за да се создадат и задржат добрите пријателства. Помогнете му на вашиот тинејџер да ги научи чекорите за зближување со пријател.

Истражете ја вредноста на пријателствата

Освен ако пријателството не е опасно, почнете со разговор и прашајте го детето за неговите пријатели без осуда или строги забрани. Поставувајте отворени прашања: „Што уживаш да правиш со твојот пријател?“ или „Што ти се допаѓа кај него/неа?“ Децата треба да развијат животни позитивни верувања за тоа како треба да бидат третирани и да изберат позитивни пријатели кои прават позитивни избори.

Сочувствувајте со децата

Информацијата значи моќ, па без разлика што вели вашето дете, имајте трпение и слушајте. Поголемата цел е да ја здобиете довербата на вашето дете и да му помогнете да знае дека секогаш може да се чувствува пријатно со вас, без разлика на кои социјални проблеми ќе наиде, сега или во иднина.

Не наметнувајте ги вашите цели

Прашувајте и слушајте, не вршете притисок и не претпоставувајте дека ги знаете причините за однесувањето на вашето дете. Ако се обидувате да ја наметнете вашата агенда, тоа не води никаде. Но, ако ја слушате перспективата на детето, му дозволувате да си ги согледува сопствените гледишта за пријателството. За ова треба време, но секогаш ќе даде подобри резултати.

Рефлектирајте, појаснете и бидете љубопитни

Парафразирањето на она што вашето дете го кажува, па повторувањето на истото, покажува емпатичност и му помага во разјаснување на неговите грижи. Со повторување на неговите тврдења, му дозволувате да разјаснува, да споделува повеќе информации и да ја објасни неговата интерпретација на тврдењето. Оваа љубопитност ќе направи на детето да му биде попријатно да ви се отвори. Добрите социјални вештини се многу важни за ефективна комуникација, но не се совладуваат лесно. Тинејџерите со опсесивно-компулсивно нарушување и хиперактивност имаат недостиг на социјални вештини, зрелост, функционални вештини и свесност за креирање пријателства. Оваа социјална изолација предизвикува многу поголем негативен ефект отколку кај невролошки типичните врсници. За среќа, тинејџерите може да ги совладаат социјалните вештини со ваша помош.

Автор: Каролин Мекгвајер

Извор



912

X