Голем дел од родителите не сакаат да веруваат дека нивните деца лажат, но да, тие лажат. Факт е и тоа дека повеќето родители ги лажеле своите деца во еден или во друг момент.
Но, ако сте успеале да го фатите вашето дете во лага, треба да знаете дека не е нешто што го направило само еднаш. Наместо тоа, обрнете внимание. Големи се шансите вашето дете да се бори со нешто и да му е потребна вашата помош, без оглед на тоа што вели. На крајот на краиштата, штотуку сте го фатиле како лаже. Разумно е да го прашате зошто излажало.
Длабоко вдишете
Го имате секое право да бидете лути, но за ова треба да бидете најдобриот родител што сте биле. Губењето на смиреноста само ќе го отежне правилното размислување. Ако ви се потребни неколку минути за да се смирите или да се консултирате со партнерот, кажете му го тоа на детето. Вашето дете го заслужува најдоброто од вас.
Сфатете дека лагите треба да се сфатат сериозно
Бидејќи лажењето понекогаш функционира, особено ако тоа стане навика, за голем дел од децата кога ќе се извлечат од лагата е прилично возбудливо, а тоа создава уште повеќе лаги.
Затоа, барањето докази за лажење може да ви помогне да откриете колку вашето дете лаже, и да му кажете дека тоа е сериозен проблем.

Разберете дека не е лично
Да, децата намерно им пркосат на вашите правила. Не ве почитувале и ја нарушиле вашата доверба, а и ги игнорирале вашите семејни вредности. Но, нивниот избор да лажат не е поврзано со тоа нивно пркосење и не се однесува лично за вас. Одлуката да излажат за нив е обид да најдат полесен начин да се справат со реалноста што не им се допаѓа или со нешто што мислат дека можат да се справат.
Имајте на ум дека и самите се лажат
Да, ве лажат и вас и некој друг, но се лажат и себеси. За нив лагата функционира со оглед на тоа што се деца и што имаат ум кој сè уште се развива. Ова значи дека им е тешко да ги разберат долгорочните негативни последици кога краткорочните придобивки се толку плодни.
Токму тука вие дејствувате. Кажете им неколку приказни за луѓе што ги познавате, илустрирајќи што се случува кога луѓето стануваат познати по лажењето или никогаш не учат како да бидат искрени.
Препознајте го повикот за помош
Ова е можеби најтешкиот дел: да препознаете дека нивното лажење е симптом на нивните неразвиени стратегии да се справат со нешто. И покрај тоа што направиле лош избор, треба да знаете дека вашето дете не е лошо.
Штом им дадете до знаење дека ги сфаќате низ што минуваат и сакате да им помогнете, ќе бидат поспремни да ви ја кажат вистината.
Пофалете го нивниот труд
Без оглед на сѐ, бидете подготвени да ги пофалите напорите на вашето дете да се соочи со своите тешкотии, наместо да ги избегнува. Секој ден.