Ако има една работа што мајките на тинејџери знаат да ја прават, тоа е да ги засрамуваат. Мајката влегува во собата и диши, тинејџерот се срами од неа. Мајката отвора фрижидер за да земе ужина, тинејџерот се срами од неа. Тоа е концепт кој мајките се обидуваат да го сфатат, но може да биде толку лошо што мајката ќе се плаши да направи што било само за да не го засрами своето дете. Па, како да им покажете љубов? Има неколку начини на кои можете да му покажете на вашиот тинејџер дека го сакате без да изговорите зборови.

Слушањето му покажува дека го сакате

Многу малку е потребно за да дадеме до знаење некому дека го сакаме. Повеќе се работи за делата отколку за зборовите. Слушањето е еден од најдобрите начини да му покажете на вашиот тинејџер дека го сакате. Кога ви зборува, навистина слушајте го. Обрнете внимание и внесете се во разговорот.

Престанете со она што го правите и погледнете го

Мајките се навистина зафатени, а некогаш кога тинејџерите им зборуваат, тие сепак ги завршуваат обврските во моментот, како готвење вечера, миење садови и слично. Ако мајката ги стави обврските на пауза и го погледне својот тинејџер додека ѝ зборува, тој ќе знае дека е сакан.

Извадете го „не“ од вашата глава

Тинејџерите имаат диви идеи и некогаш е многу лесно автоматски да им се каже „не“. Сепак, имајте предвид да кажете и „да“ на неговите желби. Ако барањето е разумно и безбедно, имајте доверба во вашето дете и дајте му го тоа до знаење.

Почитувајте го фактот дека животот е лош и за тинејџерите

Кога тинејџерите доаѓаат кај родителите со проблеми, родителите имаат тенденција да ги отфрлат бидејќи сметаат дека нивните проблеми се безначајни во споредба со проблемите на возрасните. Но, и децата може да поминуваат низ тешки периоди, па родителите треба да го почитуваат тоа. Оставете ги да ви кажат што се случува и работете заеднички на решавање на проблемот.

Оставете ги насамо

Тинејџерите сакаат приватност бидејќи си го бараат своето место во светот, па сакаат да се тргнат малку од вас. Тоа не значи дека не ве сакаат, но имаат потреба од време за да сфатат кои се всушност. Дајте им го тој простор за да знаат дека се почитувани и не сфаќајте сè лично.

Бидете старомодни

Нема ништо лошо во пишувањето писмо. Тинејџерите имаат проблем во кажувањето „те сакам“ бидејќи се загрижени дека другите ќе го слушнат тоа. Пишувањето на мислите во писмо е добар начин да ги потсетите дека ги сакате, а сепак тоа го чувате како приватност. Поврзете се со нив на начин кој ќе го разберат, за да не бидете многу старомодни, па испратете им СМС или е-пошта, или порака на социјалните мрежи.

Прашања – покажуваат дека се грижите за нивното мислење

Тинејџерот почесто доаѓа кај вас за совет и помош, но некогаш можете и вие да го прашате за мислење кога имате проблем. Така, кога им се обраќате, им давате до знаење дека ги почитувате, им верувате и сметате дека се доволно независни и способни за да ви помогнат со нешто.

Извршете ги нивните задачи

Речиси секое домаќинство има низа задачи за кои некој е одговорен, но мајката може некогаш да ги заврши работите на нејзиниот тинејџер. Некогаш тинејџерите се премногу исцрпени од повеќето активности на училиште и по училиште, па ако родителот им помогне на овој начин, тие ќе знаат дека се сакани и дека некој се грижи за нив.

Автор: Ешли Вирли

Извор



912

X