Сите сме биле во таа ситуација – кога ќе почнете да изговарате „проклетство“, а потоа ќе го претворите во „Ајде оди во… (која било замена за пцоста)“. Тие заменски пцости ни доаѓаат добро одредено време, но како што растат децата, веќе нема да можете да ги измамите. Колку и да ги штитиме децата на овој или оној начин, тешко дека можеме да влијаеме на овој дел. Оваа ситуација дополнително ја усложнува фактот што не сите семејства имаат исти правила, а некои дозволуваат одреден интензитет на пцости во својот речник. На пример, одреден збор не е дозволен во вашата куќа, а другарчето на вашето дете смее да го каже дома.

Најдоброто нешто што треба да го направите е да му објасните на детето дека не се сите семејства исти. Правилата на едно семејство се различни од правилата на друго семејство и детето мора да биде свесно за тоа. Некои родители, на пример, користат вулгарности, но бараат децата апсолутно да ги игнорираат вулгарните зборови. Други воопшто не ги кажуваат, а некои, сепак, дозволуваат некои „помеки“ зборови од овој тип.

Разговорот може да почне со тоа што ќе го прашате детето што би направило кога би слушнало такви зборови. Секогаш е добро да го прашате детето што мисли пред да започнете со „предавањето“ или вашиот разговор со него. На тој начин можете да добиете многу добри информации за начинот на кој размислува.

На пример, можете да кажете нешто како: „Ако сакаш да си играш со деца кои зборуваат така, тоа е во ред, но секогаш можеш да заминеш ако не се чувствуваш пријатно“.

Децата во друштво на своите врсници не се однесуваат на ист начин како што се однесуваат во друштво на нивните родители. Тоа е прилично универзален феномен кој кажува за некои од најважните искуства од детството, без разлика дали се добри или лоши.

Како да му ја објасните на детето вулгарноста

Објаснете ги домашните правила: децата може да слушнат различни зборови на игралиштето, но тоа не значи дека правилата треба да бидат двосмислени. Потсетете ги што се очекува од нив.

Тие ќе наидат на различни правила: Секое домаќинство е различно, и во однос на составот на семејството и правилата на семејството.

Прашајте ги што мислат: Прашањето на вашето дете што мисли за таков речник може да открие колку му е пријатно или непријатно со зборовите и што мисли дека е правилно. Во спротивно, целиот разговор може да биде незгоден за нив.

Воспоставете правила: Без оглед на тоа дали децата ги слушаат овие зборови од своите врсници и без разлика дали добрите луѓе можат да ги користат овие зборови, семејството има свои очекувања за правилно однесување. И не треба да отстапувате од тоа.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X