Како и сè во оваа година, и претстојните празници за повеќето семејства ќе бидат поразлични. Прочитајте совети како да го зачувате божиќниот дух и да ги направите посебни и незаборавни празниците.

– Разговарајте со децата за својата вообичаена празнична традиција и обидете се да одржите сè што е можно во овие вонредни околности. Не дозволувајте им на сите да бидат тажни поради тоа што оваа година ќе мора да прескокнете некои обичаи, како што се посетите на пријателите и поканувањето луѓе во вашиот дом.

– Внимавајте членовите на вашето семејство и пријателите што живеат сами да не бидат заборавени. Направете нешто повеќе од испраќање СМС-честитка – испратете им подарок, подолго писмо или повикајте ги преку видеоповик.

Размислете за причините зошто го сакате своето семејство, како и пријателите

– Извадете хартија, боички и празнични налепници и заедно со децата изработете божиќни честитки за луѓето во старските домови, пациентите што се лекуваат од Ковид-19, лекарите во болниците, медицинските сестри…

– Разговарајте со децата за тоа како ќе изгледа нивниот совршен Божиќ кога ќе пораснат. Нека го опишат или нацртаат, а нивниот состав или цртеж зачувајте го. Кога ќе пораснат, ќе можат да се радуваат на тоа.

– Изненадете го своето дете и закажете му зум-состанок со Дедо Мраз или од хартија заедно изработете мали куклички, па осмислете и извежбајте куклена претстава која ќе ја изведете на Бадник, тоа може да биде многу забавно. А можеби ќе стане и ваш нов божиќен обичај…

– Направете топло какао, колачи и пуканки. Потоа сите заедно седнете и реализирајте пријатно виртуелно купување на божиќни подароци.

– Сега кога имате повеќе време, смислете подароци што вие и децата можете да ги направите сами.

– Размислете за причините зошто го сакате своето семејство, како и пријателите, а потоа запишете го тоа. На сите покажете им колку ви значат.

– Гледајте божиќни филмови поради кои чувствувате носталгија. Додајте неколку нови на листата.

– Слушајте божиќна музика кога се возите во автомобил.

– Сами направете украси. Можете да направите и мало село од колачиња со куќичка од медени колачи и снешковци од бел слез.

– Кога ќе го планирате менито за божиќниот ручек, секој во семејството нека избере едно јадење што дотогаш не го пробал.

Сетете се на нешто добро што ви се случило во оваа година

– Забавувајте се пред Божиќ правејќи листа со најдобрите и најлошите празнични филмови и песни. Можете да направите и список со најлуди божиќни спомени и семејни настани.

– Сетете се на нешто добро што ви се случило во текот на секој месец во оваа чудна година. Запишете го тоа на парче картон. Среќните мисли украсете ги со светки и маркери во боја и закачете на елката.

– На божиќното утро одете во прошетка за да бидете мотивирани за отворање подароци. Прошетајте се и попладне за да се сетите дека во вашето соседство живеат и други луѓе. Ако имате драги соседи, оставете им честитки со убави мисли на вратата.

Автор: Ивана Калоѓера

Извор



912

X