Брзо го заспавте бебето, но штом го ставивте во креветчето и го одвоивте од вас, веднаш се разбуди и заплака – ви звучи познато? Многу родители страдаат од истиот проблем, но не грижете се, има причина зошто се случува и начин како да го решите.
Мајката и медицинска сестра Кортни открива каде родителите ги прават најчестите грешки:
„Кога ненадејно ќе го легнете вашето бебе на рамно – откако претходно го држевте на топло и безбедно в раце, ги будите неговите сетила. Поради ненадејната разделба, бебето може да почувствува ненадеен колапс кога ќе го спуштите, што ќе предизвика веднаш да се помести. Ако го легнете настрана продолжувајќи да го држите во текот на процесот на легнување, тогаш бебето е во состојба постепено да се приспособи на новата средина, без нагло будење“.
Еве детален опис на видеото, како правилно да го направите тоа во четири едноставни и безбедни чекори:
– Внимавајте како го спуштате бебето – важно е да не го спуштате хоризонтално, туку стапалата прво да го допрат душекот.
– Положбата во која го спуштате бебето во креветчето не треба да биде на грб – туку настрана.
– Кога ќе го спуштите бебето, немојте веднаш да го „напуштите“ – држете го уште малку, нишајте го, тапкајте го за да продолжи да спие во положбата во која се наоѓа.
– Само кога ќе бидете сигурни дека бебето длабоко спие, оставете го во креветчето – во положбата во која вообичаено спие.