Мојата пријателка Стефани споделува совети како да го спречите детето да се жали и да лелека. Како мајка на мало дете и самата знае дека тоа е чекор во развојот на децата од претшколска возраст, па прочитајте за нејзините совети.

Што може да направите ако вашето дете постојано приплакува?

Овие мали човечиња знаат да се претворат во малечки чудовишта во погрешен момент. Дури и најсмирената мајка може да се фрустрира и да им се развика на своите деца во одреден момент иако знае дека тоа не е најдобрата метода.

Ваквото однесување на децата знае да ѝ го крене притисокот на мајката. Но, понекогаш дури и кога родителите се смирени, користат техники кои го интензивираат тоа однесување. Вистината е дека нема една техника што ќе ги реши сите ваши проблеми. Наместо тоа, треба да знаете малку од сите техники и да знаете кога точно да ги користите.

Пред да преземете нешто, земете го предвид однесувањето на детето

Кога мало дете почнува да користи писклив глас, тоа речиси секогаш произлегува од фрустрација, која е поттикната од многу нешта. Како мајка, треба да вклучите и детективски вештини за да сфатите за што се работи. Прво забележете го однесувањето на детето, во кој период од денот е, како и други физички фактори што може да се причина за врескањето. Ако детето го прави тоа поради глад или е изморено, тоа лесно се решава со ужина или дремка, па дури и прегратка. Ако забележите дека постојано приплакува, можеби му е потребен сон. Сменете го распоредот за да има доволно часови за квалитетен сон. Ако детето плаче поради нешто што не е надворешен фактор, тогаш размислете за примена на следните техники:

Планирано игнорирање

Можеби првпат во животот ова ќе биде правилниот начин на постапување. Но, бидете внимателни. Се работи за варијација од пауза кога го оттргнувате вниманието од детето сè додека неговото однесување не стане прифатливо. Потоа го забележувате и му го давате соодветното внимание. Тоа ќе го научи детето дека ќе го добие она што го сака ако се однесува соодветно.

Запомнете – детето го бара вашето внимание. Постојано. Но, одговорот на високите тонови што ги испушта детето во точно време, кога тоа сака, прави детето да мисли дека сето она што ќе го посака во иднина ќе го добие со плачење и лелекање.

3 удари и излегуваш

Понекогаш плачењето и лелекањето не се опција, на пример, на јавно место. Тогаш ви е потребна варијација од методи за брзо смирување. Со методата „3 удари“ му давате на детето ограничено време да го контролира плачењето. Му давате 2 шанси да го смени однесувањето пред да се соочи со последиците. Кога ќе почне да плаче и лелека, кренете го едниот прст и кажете: „Престани да плачеш и користи зборови“. Дајте му околу 5 секунди за да се смири. Ако не одговори, кренете го вториот прст и кажете: „Те замолив да престанеш да плачеш и да користиш зборови“. Ако повторно не реагира, кренете го третиот прст и речете: „3 удари – излегуваш“. Тогаш ги имплементирате последиците. Тоа може да биде заминување од продавницата или земање на играчката со која моментално игра и сл. На почетокот може да има интензивни реакции, но напредокот ќе се покаже, бидејќи децата бараат структура. Оваа метода ќе доведе до сфаќање што ќе се случи ако детето постојано плаче и лелека.

Пренасочување

Некогаш детето плаче и вика со причина. Можеби е скршена неговата играчка или неговиот пријател нешто му зел. Сепак, дозволувањето да вреска и да плаче не е добра порака. Може да го пренасочите неговото внимание далеку од изворот на фрустрацијата. Добрите вести се дека на децата може лесно да им го одвлечете вниманието на нешто друго. Имаат слаба самоконтрола и понекогаш мора да им се одвлече вниманието за да престанат да реагираат.

Побарајте моменти за учење лекции

Децата не се баш свесни за светот околу нив. Истражувањата покажуваат дека генерално малите деца се егоцентрични. Како што растат, почнуваат да учат дека другите луѓе имаат чувства, ако константно се во контакт со тој концепт. Некои телевизиски програми имаат едукативен карактер, но вистинските реални примери се одличен начин за детето да почне да ги создава тие врски. Кога ќе видите некое дете што избувнува или почнува да вреска и плаче бидејќи сака нешто, тогаш е одлично време да кажете нешто како: „Се прашувам за што е вознемирен. Можеби сака да оди кај другарчето, а неговата мајка рекла дека не може, дека мора да си одат дома. Што мислиш?“ Потоа продолжете да зборувате за подобри начини за барање на нештата што детето би ги сакало. Зборувајте зошто не можеме секогаш да го имаме она што го сакаме итн. Ваквите разговори треба да се одвиваат кога детето е смирено.

Сега сте вооружени со техники со кои вашето дете ќе го подобри однесување. Со среќа, мајки!

Автор: Џоди Перез

Извор



912

X