Дороти Робсон и Шон Смит првпат го забележале нивниот 3-годишен син Себастијан како удира други деца кога имал само една и пол година. „Прво, ќе му речевме – Не смееш да удираш. Ова е нежен допир“, вели Робсон. „Но, како што расте, ние почнуваме да зборуваме со него за тоа. Го прашуваме зошто удира и дали мисли дека тоа е соодветно однесување“, вели Дороти. „Ќе се извини и ќе рече – нема веќе да удирам, а потоа пак ќе го стори тоа!“

Ви звучи познато? Прочитајте во продолжение зошто децата удираат, како да им помогнете да престанат и кога ви е вам потребна помош.

Како да ги спречите децата (од 1 до 2 години) да удираат

Удирање, клоцање и гризење се нормални однесувања на децата од оваа возрасна група, велат Ричард Тремблеј, директор на Центарот за ран детски развој во Монтреал, и Џоан Дурант, психолог и професор по семејни социјални науки на Универзитетот „Манитоба“ во Винипег.

– Се раѓаме со способност да напаѓаме и да се браниме. Но, за време на детството учиме да не користиме физичка агресија. За да се дојде до тоа, родителите треба да ги научат децата да го контролираат овој природен импулс кога се вознемирени – вели Тремблеј.

Со помалите деца, еден од начините да ги научите да не удираат е да им покажете што значи нежен допир. „Ако Себастијан не бил лут или вознемирен, но удирал колку да удри, ќе речеме – Леле, тоа ме болеше. Можеш ли да ми покажеш нежен допир?“, вели Робсон. „Нежно ќе му ја допреме раката или главата секогаш кога ќе нè удри. Вообичаено ова би резултирало со повторување на делото и прегрнување“.

Ако вашето дете ве удри вас или друго дете, останете смирени и сфатете дека ова е типично однесување. Ако друго дете е повредено, прво проверете дали е добро, а потоа свртете го вниманието кон вашето дете кое го удрило. „Сакате да го тргнете детето подалеку од некој што е повреден, но не на начин кој е казна или го изолира“, вели Дурант. „И не смеете да викате или и вие да го удрите детето, бидејќи така не му помагате да научи како да се справува со своите емоции“. „Важно е да не го одбиете“, вели Естер Чирленд, детски психијатар во болницата „Саскатун“ од Кралскиот универзитет. „Бидете внимателни да не кажете нешто како – Лошо момче! Можете да кажете нешто како – Тоа ја повреди мама – но, треба да го кажете на нежен начин. И освен ако се обидат да ги повредат другите или себеси, не грабнувајте ги цврсто, бидејќи со тоа го имитирате интензитетот на нивното однесување“.

Реалноста е дека може да биде тешко да се воздржите. „Некогаш Себастијан ќе држи камион-играчка во својата рака и ќе ме удри со неа“, вели Робсон. „Јас му викам иако се обидувам да не го правам тоа, но кога чувствуваш болка, реагираш“. Но, ако не реагирате многу силно и се извините, Дурант вели дека тоа е витално за вашето однесување да им го пренесете на децата. „Му помага на детето да добие чувство дека се грижите за неговите чувства и му покажувате дека е во ред да се извини“. Во ред е и да заминете од детето кое ве повредува. Тоа го учи како да се залага за себе без да биде агресивно. Треба да му објасните зошто заминувате, вели Дурант. „Нема да оставам да ме повредуваш. Ќе зборуваме за ова кога и двајцата ќе се смириме“.

За постарите деца, треба да се погрижите да ги научите да ги именуваат своите емоции. „Обидете се да кажете нешто како – Ти си многу лут“, вели Дурант. „Сакате да им помогнете да се движат во насока на вербално изразување. Откако нешто ќе биде именувано, може полесно да се разбере“, вели таа. „Ако мислиме на нашата задача како нешто што им помага да градат врски помеѓу деловите во нивниот ум кои вклучуваат емоции и деловите кои вклучуваат јазик и самоконтрола, тогаш им пристапуваме поразлично од начинот на кој се поставуваме кога велиме дека се лоши“.

Како да ги сопрете децата од претшколска возраст да удираат (3 до 5 години)

Треба да продолжите да ги учите да ги разберат своите чувства и да се изразуваат вербално, но треба и да им помогнете да размислуваат за ситуациите, да имаат емпатија кон своите другарчиња, а и да ги контролираат своите емоции пред да направат нешто. Откако детето ќе се смири, можете да го водите низ неколку сценарија за да научи како треба, а како не треба да се однесува. Колку повеќе шанси за избор ќе има детето, толку ќе биде поголема неговата способност за решавање проблеми.

Робсон и нејзиниот сопруг ја користат оваа техника со Себастијан. „Кога тој удира, ние зборуваме за другите начини на кои може да го добие она што му е потребно, на пример – Ми треба простор“. Кога ќе го видите дека прави избори кои не се агресивни, Чирленд исто така препорачува тогаш да му се даде комплимент на детето, на пример: „Видов дека го остави Ноа самиот да избере која игра да ја вклучи“, за да се поттикне позитивно однесување.

Но, постојаното удирање може да биде знак за посериозен невролошки проблем. Тоа е приказната со 7-годишната Зои, на која ѝ било дијагностицирано хиперактивно нарушување и недостиг на внимание уште пред да наполни 5 години. Нејзините родители, Џесика и Мет Брендсон, се обиделе со сè што можеле за да ја сопрат Зои да користи физичка агресија, но таа продолжувала да ја удира својата 4-годишна сестра Шарлот. „Ако Шарлот ја преминува, таа прво ја удира, а потоа поставува прашања“, вели Џесика. „Таа тоа го гледа како одмазда и мисли дека е оправдано ако Шарлот ѝ погрешила“. Џесика одела на курсеви за родителство, читала многу книги, а семејството имало и советник кој доаѓал во нивниот дом еднаш неделно во период од 6 месеци, па тогаш тие научиле неколку магични зборови.

Кога Зои удира, нејзините родители велат: „Удираш, седиш!“, па таа морала да оди да седне на скалите 7 минути (една минута за секоја од нејзините години). Џесика вели дека ова функционира бидејќи испраќа јасна порака до Зои дека постои предвидлива последица од нејзиното однесување.

И сите експерти се согласуваат дека ако родителите ги удираат своите деца, многу е тешко децата да научат да не удираат во момент на конфликт. „Многу од она што го нарекуваме физичка казна е всушност одмазда“, вели Дурант. „И не треба да ги учиме децата да се одмаздуваат. Треба да ги учиме да се залагаат за себе“.

Автор: Алекс Млинек

Извор



912

X