Ејми Луиз Крисп од Кембриџ споделила видео во кое нејзиниот син Колби плаче, а начинот на кој нејзиниот сопруг Мајкл го смирил се покажал како многу ефикасен и иновативен. Во видеото, кое на „Инстаграм“ има повеќе од 2 милиони прегледи, 27-годишната мајка покажала како момчето престанало да плаче речиси веднаш откако седнало на таканаречените среќни скали.

– Колби имаше еден од оние денови во кои сѐ резултираше со бес или крокодилски солзи – рекла таа. Нејзиниот сопруг Мајкл го прашал момчето: „Можеш ли, те молам, да седнеш на среќните скали и да се вратиш кога ќе станеш посреќен?“ По 10-ина секунди момчето се вратило во просторијата како ништо да не се случило.

„Следниот пат кога го пробавме овој трик, го снимив за да видам дали исто толку брзо ќе функционира, а овој пат на Колби му беше потребна 0,0001 секунди за да се смири – додала мајката.

Родителите велат дека ја користеле методата со наслов „три предупредувања“, што би резултирало со тоа да се испрати детето во ќош ако продолжи со недолично однесување, но како што тврдат, „среќно место“ е многу поуспешна и побрза алатка во смирувањето на бесот.

Ејми вели дека тоа не го користат кога Колби е навистина вознемирен или повреден, туку само кога има неосновани изливи на бес.

Извор



912

X