Зошто не слушаат?! Ако си го поставувате често ова прашање, тогаш треба да ги прочитате следните неколку трикови што ќе ви бидат од корист како родители на мали деца.

1. Направете контакт со очите

– Можам постојано од другата соба да викам – дојди на вечера, но ако одам до нив, ги погледнам в очи и им речам: „Здраво! Ве молам дојдете сега на вечера“, тие ќе ме погледнат и ќе речат: „Во ред“. – раскажува Сара Лавињ од Монтреал.

2. Опишете го проблемот

Ситуацијата нема да се вжешти ако се фокусирате на она што треба да се случи наместо на реакциите на децата. Наместо да речете: „Колку пати треба да ти кажам да си ја собереш облеката?“, кажете: „Гледам облека на подот“. Или обидете се да давате информации наместо наредби: „Мокрите крпи треба да бидат на решетката за сушење, а не на твојот кревет“.

3. Користете помалку зборови

– Колку повеќе објаснувам, толку таа го губи фокусот – вели Викторија Стејси за нејзината 6-годишна ќерка Френсис. Наместо: „Работев цел ден и изгубив три часа правејќи вечера и сега треба да ја чистам целата кујна, па само барам да ја донесеш својата чинија“, јас ќе речам: „Френсис, твојата чинија“. Ова е многу поефикасна метода.

4. Запишувајте белешки

Некои деца може да реагираат подобро, односно да бидат повеќе насочени кон соработка ако има листа на која се запишани обврските наместо да се кажуваат вербално. Дајте му на вашето дете листа со насоки и обврски: „Појадувај, облечи се, намести го креветот, измиј ги забите“, за да видите дека оваа метода ќе биде превенција во однос на вашето жалење и неговото одолжување на обврските.

5. Кажете им што ќе правите вие, а не што треба тие да направат

Можно е да не можете да го контролирате она што вашите деца го прават, но можете да ги контролирате вашите постапки. „Време е за одење, па одам кон автомобилот. Се гледаме таму“ е поефикасно отколку да ги присилувате на самата врата да излезат.

6. Бидете емпатични и вреднувајте го тоа што го направиле

Изјавите како: „И јас сакам да не требаше да одиме на училиште денеска. Нели би било поубаво да останеме дома и да играме игри?“ му покажуваат на детето дека неговите чувства ви се важни и дека го слушате – иако, на крајот на краиштата, мора да оди на училиште.

7. Внимавајте на тајмингот

Ќе бидете поуспешни ако му речете на вашето дете да ја намести масата по завршувањето на неговата омилена ТВ-програма отколку да го прекинете додека ја гледа. Дополнително, покажувате почит за нешто што му е важно.

Автор: Сузан Голдберг



912

X