Науката сè уште не успеала да даде одговор на прашањето дали интелигенцијата е вродена или стекната особина. Секако дека поголемиот IQ е предност, но без труд и напорна работа интелигенцијата останува само потенцијал.
Како можеме да помогнеме во развојот на интелигенцијата кај децата? Што родителите и учителите можат да направат за да помогнат во стимулирањето на интелектуалните потенцијали кај дечињата?
Следните предлози се однесуваат и на малите деца, но и на тинејџерите.
1. Музичко образование
Кратко и јасно: испитувањата покажуваат дека со посетата на музичка настава децата се попаметни. Според истражувањата спроведени на деца што се занимавале со музика и оние што не се занимавале, резултатите покажале дека дечињата што посетувале музички училишта се далеку понапредни во коефициентот на интелигенција за разлика од другите. Иако се работи за релативно мала разлика, сепак, напредокот во интелигенцијата е уочлив.
Занимавањето со музика всушност им помага на учениците да имаат подобри резултати и на другите предмети.
2. Сила и интелигенција
Постои стереотип според кој се верува дека физичката сила и ниската интелигенција одат рака под рака, односно спортските типови поминуваат повеќе време надвор отколку во библиотека. Сепак, вреди да се размисли дека на детето може да му ги дадете и едното и другото. Добрата физичка кондиција ја забрзува способноста за учење. По физичката активност, брзината на усвојување нови зборови во вокабуларот се зголемува за 20 проценти.
Овие заклучоци се добиени по спроведено истражување во 2007 година, реализирано во Германија, според кое се тврди дека постои директна корелација помеѓу ефикасноста на учењето и нивото на неуротрофниот мозочен фактор, кој е задолжен за раст и развој на синапсите во мозокот.
Тримесечниот режим на вежбање довел до триесетпроцентно зголемување на дотокот на крв во делот на мозокот во кој е сместен центарот за помнење и учење, според истражувањата.
3. Немојте да им читате на своите деца, читајте заедно со нив
Не дозволувајте улогата на детето да биде пасивна и додека вие читате тоа да гледа само во сликите. Свртете го неговото внимание на зборовите – читајте заедно со него. На овој начин го забрзувате развојот на способностите за читање на вашето дете. Исто така, се развиваат вештини и стратегии кај детето за усовршување на способноста за читање, уште во раната возраст.
4. Недостигот на сон ја намалува интелигенцијата на детето
Секој скратен час од сонот ја намалува интелектуалната способност на ученикот од шесто одделение. Утврдено е дека губитокот на еден час е еднаков на губитокот на две години од когнитивено созревање и развој, а постои и корелација помеѓу оценките и просечната количина на сон.
Сите ученици што имале доволен сон, добивале највисоки оценки, па дури и да спиеле само 15 минути повеќе од другите.
5. Без самодисциплина, коефициентот на интелигенција не вреди сам по себе
Самодисциплината е поважна од самиот коефициент на интелигенција. Постојат десетици студии кои покажуваат дека волјата се издвојува како најважна навика која обезбедува успех на поединецот. Учениците што покажале повисоко ниво на волја добивале повисоки оценки и се запишувале во престижни школи. Кај овие ученици е забележан помал процент на изостанување од настава, додека исто така поминувале и помалку време пред телевизор, а повеќе во извршувањето на домашните задачи.
Заклучокот е дека до добри оценки се доаѓа и со напорна работа, волја и труд, а не само со вродена интелигенција. Ако се прашаме кој има најголеми шанси да успее во живот – тоа се децата кои учат што е истрајност.
6. Учењето е активен процес
Некои онлајн вежби и игри со кои наводно се вежба мозокот, не се всушност делотворни. Напротив, многумина веруваат дека со нив децата „затупуваат“.
Со тоа не се произведува никаков позитивен учинок кај корисниците, особено кај малите деца од 17 до 24 месеци. Што значи дека вистинското учење не е пасивно, туку активно. Не е доволно само да се чита, туку е потребна и пракса. Еволуцијата на мозокот е основана на нашата способност да учиме преку вршење на одредени активности, а не само да слушаме како работите треба да се извршуваат.
7. Наградата може да помогне ако се даде во вистинскиот момент
Истражувањата покажуваат дека начинот на исхрана е поврзан со оценките што детето ги добива на училиште.
Општо е познато дека на денот на тестот многу е важно да се појадува. Најдобра е храната која е богата со јаглехидрати и растителни влакна, која бавно се вари, како на пример овесните снегулки. Важна е и храната која се внесува една седмица претходно, бидејќи брзината и вниманието на студентите кои применуваат вакви здрави навики во исхраната биле далеку поголеми отколку кај другите.
Секако дека постојат и исклучоци. Секое дете не е научено на здрава храна, но може да регистрира позитивни резултати. Она што е важно е фактот да не се консумира лоша храна во погрешен момент. Односно, кофеинот и шеќерот на пример можат да влијаат врз концентрацијата. Значи, храната како награда би било пожелно да се даде токму пред реализирање на одредени тестови за да дојде до зголемување на концентрацијата. Што значи, кога учат, децата може да добиваат чоколади и газирани пијалаци, отколку кога се одмараат.
8. Задоволно дете – успешно детe
Задоволните деца имаат повеќе шанси да се развијат во успешни, реализирани поединци.
Задоволството е огромна предност во светот во кој сè е предодредено на неуспех. Во просек, поединците се исто така поуспешни од оние што не се задоволни од работата и љубовта. Задоволните поединци добиваат подобри оценки за тоа што го сработуваат, подобри работни места и поголема плата. Што значи, обидувајте се да бидете пример на задоволен родител за вашето дете.
9. Влијание на генерациите
Генската предиспозиција на родителите има огромно влијание врз формирањето на детето. Според поголемиот број испитувања, влијанието од воспитувањето и не е толку големо.
Кога се во прашање особините, како што е интелектуалната способност и одредените аспекти на профилот на личноста, биолошките деца се во голема мера слични со своите родители. А посвоените речиси и да немаат ништо заедничко со нивните старатели, и покрај тоа што толку години ги воспитувале, хранеле и одгледувале. Важна е групата врсници со кои детето расте. Нивното влијание и тоа како се пренесува на детето, така што доколку вашето дете расте во здрава средина и е опкружено со дечиња кои имаат стекнато здрави навики, и кај него ќе се забележи такво однесување.
10. Верувајте во своето дете
Доколку верувате дека вашето дете е попаметно од просечно дете, тоа за него ќе биде како еден вид поддршка.
Пофалбата и поддршката се клучни во формирањето самодоверба кај поединецот, а со тоа во иднина ќе постигнува подобри резултати.
Не е сè во интелигенцијата. Без морал и сочувство, луѓето што се навистина паметни можат да изгледаат и застрашувачки.
Како што вели Патрик Џејк Орурк: „Вистина е дека не се случува често интелигентните луѓе да предизвикуваат тепачки во кафеана, но исто така е вистина и дека глупавите луѓе не прават хидрогенски бомби“.