Секоја мајка, дури и онаа искусната, барем еднаш се запрашала како да го облече бебето за спиење во текот на топлите летни ноќи. Топло е и најмногу би сакале да го оставите бебето голо, но ве загрижува оној глас кој ви вели „но можеби сепак е подобро малку да го покријам…“

Летото е тука, бројките на календарот така велат, а топлите денови се секојдневие. Во текот на денот веќе сигурно сте совладале како да го облекувате детето и сега е полесно, но како да се постапи во текот на ноќта?

Чувството не е исто за сите, па тешко е да се раководите по чувство, а многу полесно ако во собата поставите термометар. Кога живата во термометарот е над 27 Целзиусови степени, бебето би требало да спие само во пелена или евентуално пелена и боди. Колку е важно на бебето да не биде премногу студено, толку е важно да не му биде ни прекумерно топло. Идеалната температура на собата од бебето е помеѓу 16 и 20 степени, но летните горештини неминовно се движат над оваа температура. Климата во бебешката соба не доаѓа предвид, се разбира, па рамнотежа ќе морате да постигнете со облека. Но, како да се облече бебето?

Еве како да го облечете детето во зависност од собната температура:

27 и повеќе степени
– боди (по кратки или без ракави) и пелена или само пелена.

24-27 степени
– боди со кратки ракави и тенка, летна вреќа за спиење.

21-23 степени
– боди со кратки или долги ракави и малку подебело, но сè уште летна вреќа за спиење.

17-20 степени
– шпилхозни со долги ракави и ногавици и зимска вреќа за спиење.

Под 16 степени

– шпилхозни, боди и зимска вреќа.

Пред одење на спиење не е лошо дополнително да се разлади бебето. Еве како можете да го направите тоа!

Постудена бања
– малку поладна бања пред спиење може да го разлади вашето испотено и загреано бебе.

Повеќе течности
– мајчиното млеко еднакво хидрира како и водата, па бебињата што се исклучиво доени не треба да пијат дополнително вода, но добро би им дошло повеќе доење.

Вентилатор
– ако пред вентилаторот поставите шише со смрзната вода, воздухот ќе биде разладен, а воедно ќе циркулира и низ просторијата.

Извор



912

X