Секоја мајка, дури и онаа искусната, барем еднаш се запрашала како да го облече своето бебе за спиење во текот на топлите летни ноќи. Топло е и попрво би го оставиле бебето голо, но ве загрижува оној глас кој ви вели: „Но, можеби е подобро малку да го покријам…“

Летото е тука, температурите се високи, а секоја мајка барем еднаш си го поставува прашањето како да го облекува бебето за спиење во текот на ноќта. Чувството не е исто за сите, па тешко е да се раководите според него, а многу полесно е едноставно да поставите термометар во собата. Кога живата во термометарот ќе измери над 27 Целзиусови степени, бебето би требало да спие само во пелена или евентуално со пелена и боди. Колку е важно на бебето да не му биде премногу студено, толку е важно и да не му биде премногу топло. Идеалната температура на собата од бебето е помеѓу 16 и 20 степени, но летните горештини неминовно ќе ја кренат многу погоре. Климата во собата на бебето не доаѓа предвид, се разбира, па морате рамнотежата да ја постигнете со облека. Но, како да се облече бебето?

27 и повеќе степени

-Боди (кратко или без ракав) и пелена или само пелена

24-27 степени

-Боди со кратки ракави и тенка, летна вреќа за спиење

21-23 степени

-Боди со кратки или долги ракави и малку подебела, летна вреќа за спиење

17-20 степени

-Боди со долги ракави и ногавици и зимска вреќа за спиење

Под 16 степени

-Целосно комплетче, боди и зимска вреќа

Пред одење на спиење, не е лошо дополнително да се разлади бебето. Еве како можете да го сторите тоа:

Постудена бања

-Малку постудена бања пред спиење може да го разлади вашето испотено и загреано бебе

Повеќе течности

-Мајчиното млеко еднакво хидрира како и водата, па бебињата што се исклучиво на доење немаат потреба од вода, но добро би им дошло малку повеќе доење.

Вентилатор

-Ако пред вентилаторот поставите шише со смрзната вода, воздухот ќе се разлади, а воедно и ќе струи низ просторијата.

Извор



912

X