Бројот на заразени лица со коронавирус во светот продолжува да расте, па луѓето преземаат чекори за превенција од ширењето на заразата. Главните препораки се миење на рацете, одржување на хигиената и да се избегнува допирање на лицето. Иако постојат начини да се намали бројот на допирања на лицето секој ден, отстранувањето на оваа навика е предизвик за сите луѓе. И на возрасните им е тешко тоа, а камоли на децата.

– Ова е тешка задача. Обидот да се контролира неуморната енергија кај децата е голем предизвик. Сепак, постојат мали работи што родителите може да ги преземат – вели когнитивниот научник Денис Куминс.

Ова се неговите совети и на неколку други експерти:

1. Користете позитивно засилување

Децата подобро одговараат на позитивно засилување и охрабрување отколку на критика и корекција.

– Родителите треба да им упатуваат пофалби на децата кога не го допираат лицето, а не да го спречуваат допирањето. Браво што не го допираш лицето – е всушност реченица која има поголем ефект. Родителите може да направат одредени стикери, да им дозволат да играат со играчките, или да добијат дополнително време пред екраните или пак благи работи за да ги наградат децата што не го допираат лицето. Исто така, и вербалните потврдувања носат добро однесување – ели Пол де Помпео, клинички психолог и основач на Институтот за когнитивна бихевиорална терапија во Јужна Калифорнија.

– Кога ќе речете – ми се допаѓа што твоите раце не се на твоето лице или ми се допаѓа тоа што во моментов не го допираш лицето – им испраќате порака на децата со која се свесни што не треба да прават – вели Санам Хафиз, психолог од Њујорк.

2. Потенцирајте ја постапката

Родителите исто така може да им помогнат на децата да станат посвесни ако едноставно ги потенцираат работите.

– Ќе биде многу тешко да ги натерате децата да не го допираат лицето, но истата вежба важи и за возрасни и за деца. Ако постојано го потсетувате детето кога ќе го видите дека го допира лицето, тоа евентуално ќе стане условен одговор каде што тоа само ќе се увери дека ги трга рацете од лицето – вели Хафиз. Родителите исто така може да ги направат децата посвесни преку сопственото однесување. Може да зборуваат за начините на кои самите се обидуваат да не го допираат лицето и како се наградуваат себеси кога ќе ја постигнат целта.

3. Дајте им да допираат нешто друго

Децата на кои рацете им се слободни паѓаат во искушение.

– Сугерирам да им дадете нешто друго да држат за да не можат да го допираат лицето. Секогаш е подобро да се замени проблематичното однесување со друго однесување отколку да барате од децата нешто да не прават. Акциите за забрана се нешто што бара целосно функционирање на префронталниот кортекс, а тоа не е целосно развиено до 25-тата година од животот – вели Куминс. Друга препорака за возрасните е да го направат допирањето на лицето непријатно. Па така, можете да им ги ставите рачињата во ракавици без прсти кои им предизвикуваат непријатно чувство на рацете или да им ги намачкате ноктите на прстите со лак кој предизвикува непријатен вкус. Но, тоа бара многу труд.

4. Објаснете го концептот на бактериите

– Ако детето има барем три години, можете да започнете со објаснување на концептот за бактериите и како тие се шират со допирањето на лицето, исто како што би ја објасниле и важноста за кивање во лакот – вели Хавиз. Навистина, има многу соодветни начини на кои децата може да се едуцираат, преку игри и забавни активности. Објаснувањето на разумното кое е дел од вашето барање за недопирање на лицето повеќе ги вклучува децата во процесот и им дава интерес во крајната цел.

5. Фокусирајте се на миењето на рацете

На крајот, запомнете дека децата ќе си бидат деца, па не кревајте паника ако  не почнат веднаш да ги почитуваат правилата.

– Малите деца ги допираат нештата. Ги ставаат рацете в уста – вели Марк Реинике, клинички директор и психолог во Институтот „Чајл Мајнд“ . Бидејќи е премногу тешко да се научат децата на овие навики, најважно е да се фокусирате на здравите навики што се полесни за контролирање.

– Она што треба да се направи е да ги охрабруваме малите деца редовно да си ги мијат рацете. Можеби да земете и лосион за дезинфекција и често да ги прскате нивните раце. Додајте им марамче кога им тече носот или кога киваат – вели Реинике. Тоа е добра практика, без разлика дали има епидемија или не.

Родителите го промовираат здравјето преку давање здрава храна, витамини и охрабрување на физички активности и доволно сон.

– Сега, нема потреба да се алармира и да се кажува дека треба значително да се разликуваме од нормалните и вообичаените практики за одгледување на децата – вели Реинике.

Автор: Каролин Болоња



912

X