Веројатно веќе ги знаете придобивките од редовното консумирање овошје и зеленчук, но децата често ги одбиваат овие намирници полни со витамини и минерали. Не очајувајте, постојат неколку начини на кои можете да си помогнете.

На почеток не паничете бидејќи е вообичаено децата да бидат нервозни и да одбиваат одредена храна. Исто така, вашето дете може да има страв од нова храна, што е минлива фаза. Во меѓувреме, постојат неколку трикови со кои можете да ги промените неговите навики во исхраната.

Бидете упорни

Понекогаш децата треба да видат нова храна неколку пати пред да ја пробаат. Еден ден може да одбијат храна, а друг ден да им се допадне, затоа продолжете да воведувате нова храна. Ако детето не сака моркови и не сака ни да ги проба, понудете ги повторно по два-три дена. Големи се шансите да се обиде по 15-тиот пат.

Бидете смирени

Присилувањето на децата да јадат одредена храна е лоша идеја. Ако инсистирате да не станат од столот додека не изедат сѐ, ништо нема да постигнете. Само смирено понудете разновидна храна и еден ден детето ќе ја проба. Исто така, внимавајте што зборувате пред него. Ако ве слушне како велите дека е „специфично дете“ затоа што не сака ни да мирисне одреден вид храна, детето ќе го земе тоа како мотивација да ги продолжи своите навики.

Направете го јадењето на овошјето и зеленчукот забавно

Децата ќе јадат храна ако ја поврзат со нешто забавно. Обидете се со следниве идеи: декорирајте ја храната во забавни форми користејќи секачи за колачиња. Играјте ја играта „виножито“, во која го предизвикувате детето да изеде што повеќе шарени плодови во еден ден, запишете го резултатот и прикачете го на фрижидерот со магнет. Украсете сендвичи со забавни форми од зеленчук.

Овошјето и зеленчукот секогаш чувајте ги при рака

Чувајте чинија со свежо измиено овошје и зеленчук при рака и кажете му на вашето дете дека тоа е храна што може да ја јаде кога сака. Секогаш имајте сечкано овошје во фрижидер за брз, лесен и здрав појадок. Во чаша за ручек или вечера ставете свеж исечен зеленчук – децата сакаат моркови, краставици, пиперки и брокула послужени на овој начин.

Исклучете ја нездравата храна

Ако вашите деца се опкружени со слатки, колачи, чипс, тие нема да сакаат да јадат здраво овошје и зеленчук. Запомнете дека вие сте готвачот и ако престанете да купувате брза храна, децата ќе престанат да ја јадат. Бидете пример за децата. Не очекувајте да се хранат здраво ако ве видат дека го правите спротивното.

Вклучете ги децата во подготовката на храната

Вашите деца ќе се забавуваат помагајќи ви да го исечкате овошјето и на крајот ќе посакаат да го пробаат. Нека изберат со кое овошје или зеленчук ќе приготват храна. Мотивирајте ги да изберат рецепти кои содржат овошје и зеленчук. Одете заедно на пазар и изберете што да купите. Ова сигурно ќе ги поттикне да сакаат да пробуваат нова храна.

Извор



912

X