Кога детето ќе наполни една година, време е да почне да пие од чаша наместо од шише. Понекогаш на бебињата им е тешко да пијат од чаша, па потребен е поголем труд, а постојат и неколку совети што ќе ви помогнат во тоа.

1. Пред сè, не треба да му дадете обична чаша, туку користете чаша со клун зашто на тој начин детето сè уште ќе има чувство дека пие од цуцла. Одлучете се за мек клун, па по некое време заменете го со цврст.
2. Полека и стрпливо покажете му на детето како да ја крене чашата и принесете му ја до устата за да не се потури.
3. Додека детето не ја совлада вештината за пиење од чаша, полнете ја само со вода зашто така ако се извалка и му се истури течноста, нема да има дамки по облеката.

4. Ако вашето дете не сака веднаш да ја прифати чашата, оставете го да се навикнува зашто веројатно мисли дека тоа е уште една интересна играчка што ќе му послужи за забава.
5. Најдобар начин детето да ја прифати чашата е да му понудите неколку видови додека не ја пронајдете таа што најмногу му одговара и од која единствено ќе сака да пие. Може дури да пробате и чаша со цевка, која на детето му овозможува самостојно да ја влече течноста.
6. Најважно е да имате многу трпение и да не го терате детето на нешто за што не е спремно.



912

X