Прочитајте зошто бањањето е особено важно за децата што имаат егзема и како бањањето би требало да изгледа.

Луѓето што имаат егзема се карактеризираат со екстремно сува кожа, а бањањето е уште еден од начините таа да остане хидрирана, пишуваат дерматолозите од Американската дерматолошка академија.

Родителите на деца што имаат егзема може да забележат дека ако на кожата не нанесат од препорачаниот хидратантен крем веднаш по бањањето, кожата на детето за неколку минути ќе стане сува.
Децата со егзема често имаат инфекции на кожата и тоа е многу стресно и за родителите и за децата. За да се избегне формирање на рани на кожата и ноќи поминати во чешање и плачење, многу е важно редовно да се негува детската кожа која е склона кон овој проблем.

Еве како би требало да изгледа редовната нега на кожата и како да го бањате детето ако има егзема:

1. Земете сè што треба и ставете го во близина на кадата
Многу е важно кремот да ви биде во близина за да можете да го намачкате детето веднаш по бањањето.

2. Користете млака вода
Температурата на водата исто така е важна кога го бањате детето, внимавајте таа да биде млака, а не жешка, бидејќи жешката вода дополнително ќе ја исуши веќе осетливата кожа.

3. Внимателно измијте ги само нечистите и интимните делови

За време на нанесувањето од гелот за бањање гледајте да ги избегнете деловите на кои кожата е зафатена од егзема. Изберете гел без вештачки мириси и никако немојте грубо да ја триете кожата или да ја триете со сунѓер.
Исто така, иако на детето му годи да лежи во када полна со вода, немојте да му правите пенливи бањи.

4. Бањањето нека трае од 5 до 20 минути
Препорака на повеќето дерматолози е бањањето да трае помеѓу 5 и 10 минути, меѓутоа, ако на детето му годи, можете да го оставите во када до дваесет минути. Повеќе од 20 минути не е препорачливо бидејќи дополнително може да се исуши детската кожа.



912

X