Советите како да ја засакате првата фаза кога ќе стигне вашето бебе ги споделува Кристен Огановски, психолог и мајка на три деца.

– Првите неколку недели по доаѓањето на малиот човек се време на магија и убавина. Покрај тоа, тогаш е и период на хаотичност. Обид за доење. Испукани брадавици. Валкани шишиња. Плачење (и бебе и родител). И, се разбира, сурово, сурово мачење поради недостиг на сон.

Без оглед на магијата и убавината, фазата на новороденче е тешка фаза на родителство што ја сакаме. За мене, тоа траеше сè до раѓањето на моето трето дете. Она што сега го сфаќам е дека сè што требаше да направам е да научам како и што да сакам во првите недели со новороденчето.

1. Засакај го постојаното носење пижами

Ги охрабрувам и другите родители да го испробаат ова. Она што само сакам да го кажам е – попушти пред работите што те прават среќен. Маратонско гледање серии што отсекогаш си сакала да ги гледаш. Исто така, појадувај, ручај и вечерај на каучот. Откако ќе се истушираш (ако се истушираш), смени ги синоќешните пижами во свежи, чисти пижами. Живеј како студент, освен што, наместо да учиш за пет испити, остануваш будна цела ноќ учејќи да доиш, да чистиш и смирувајќи ново човечко суштество. Морам да признаам: понекогаш животот во пижами беше забавен. Дури и кога тие пижами беа натопени со сè и во сè.

2. Побарај и прифати помош која има најголема смисла за тебе и твоето семејство

Кога го родив моето трето дете, конечно научив точно каква помош ми требаше – и каква помош не ми требаше. Искористи ја помошта што ти е понудена. Ако некој постојано ти досадува: соседи, пријатели, роднини, кажи јасно и гласно дека закрепнуваш од породувањето, дека ти треба мир. Ти не сте тука за да ги забавуваш луѓето.

3. Прави го она што те прави среќна додека твоето бебе спие

Додека во теорија е убава идеја да „спиеш кога бебето спие“, всушност тоа е една од најбескорисните мантри што луѓето ги споделуваат со новите родители. Според моето искуство, честопати се чувствував виновна за самата мантра. Спиењето додека бебето спиеше беше само уште една од работите што требаше да ги направам, а не ги правев. Но, кога се откажав од идејата дека морам да спијам додека бебето спие, го прифатив спиењето на бебето со ново чувство на смиреност.

Понекогаш спиев. Но, поголемиот дел од времето не. Затоа што требаше да јадам. И да се истуширам. И да ги завршам сите други животни задачи што се речиси невозможни да се извршат кога ќе пристигне ново човечко суштество во домот. Понекогаш дури и си правев фризура, се шминкав, си облекував убава облека. Се чувствував исполнета. Иако сонот беше важен, се чувствував како повторно да сум сама – барем колку што можев. И тоа ме правеше среќна. Понекогаш само седев и гледав како спие моето бебе, восхитувајќи се на прекрасните образи и новиот живот што го донесов на свет.

4. Сфати дека моментот бебе-чудовиште не трае вечно

Ми се чини дека секогаш имало моменти со новороденчето кога помислував: „Ова ќе биде мојот живот. Засекогаш. Колики. Без спиење. Нула ментална способност. Мојот живот“. Но, кога се роди третото дете, можев да си речам себеси: „И ова ќе помине“. И верував во тоа, имам две постари деца што беа доказ за тоа. Предизвиците на животот со новороденче поминуваат. Уште подобро, родителите немаат обврска овие моменти да ги перципираат како магични или убави. Учењето да го сакате вашето новороденче не значи дека ја сакате секоја секунда еднакво.

5. Побарај помош кога темнината се заканува дека ќе ја преплави светлината

Само затоа што го сакав моето новороденче, не значи дека секој може или треба да ја сака таа фаза. Всушност, не сум сигурна дека можев така лесно да го сакам моето прво дете како новороденче, дури и ако го научев сето она што сега го знам за уживањето во првите неколку недели од родителството. Пред да почнам целосно да го сакам, морав гласно да му кажам на сопругот и на мојот лекар: „Повредена сум. Не се чувствувам нормална. Мислам дека ми е потребна помош“. Барањето поддршка поради постпородилно нарушување на расположението е радикален чин на самопомош и љубов. И тоа е далеку поважно од учењето да се сака новороденчето.

Ако научи да го сакаш твоето новороденче, помогни му на некој друг да научи да го сака. Кажи ѝ на новата мајка дека прави неверојатна работа.

Автор: Кристен Огановски
Извор



912

X