Малите деца и летањето во авион: самото споменување на овие две работи во иста реченица е доволно за родителите да паничат, како и многу патници во авионите.

Додајте го на ова доцнењето на летот, па патувањето со деца може целосно да ве уништи. Толку многу работи можат да тргнат наопаку за време на летот, кога апсолутно немате каде да бегате.

Ова се неколку работи што можете да ги направите за да имате мирен лет.

Купете им нови играчки

Купете им на децата играчки што претходно ги сакале и дотогаш ги немале. Но, не покажувајте им ги додека авионот не полета.

Читајте им интересна книга или раскажете им интересна приказна

Еден од начините да му го привлечете вниманието на детето е да раскажувате приказни на интересен начин. Може да измислите приказна за тоа каде одите, кого ќе видите и што ќе правите.

Не давајте им ги сите нови работи одеднаш

Немојте да ги извадите сите нови работи одеднаш, туку една по една, за детето да има со што да се занимава во текот на целиот лет.

Внимавајте на времето за јадење

Гладното бебе или мало дете по дефиниција ќе доживее тантрум. За да биде среќно, хранете го навреме и давајте му да пие вода.

Дајте им и нешто благо

Ова е период кога не треба да размислувате за тоа дека вашето дете јаде многу благо. Вашето дете ќе биде воодушевено од грицките и благите работи, па ќе имате мирен период.

Резервирајте го правилното седиште

Ако сте мајка што дои, можеби ќе уживате во приватноста на седиштето до прозорецот. Ако имате мало дете што сака да трча, да се качува и да истражува, тогаш седиштето до патеката е најдобрата опција.

Оставете го да седи на телефон

Можеби луѓето ќе ви судат, но кому му е гајле? Ова е време кога треба да преземете многу работи за детето да е мирно и да не пречи. Инсталирајте му забавни игри и апликации и уживајте.

Оставете го да гледа телевизија

Ако сте родител кој не му дозволува на детето да гледа телевизија дома, сега е време да преминете преку ова и да го оставите да гледа цртани филмови.

Извор



912

X