Игротека

Како да ги занимавате вашите деца без играчки

Некои родители ја совладале уметноста на минимализмот во игротеката, додека други не можат да ја напуштат продавницата без да купат нешто за своите најмили. Тоа е природно – сакаме да ги гледаме нашите деца насмеани и среќни.

Се разбира, тука е и вашето каење како купувач во однос на тоа што се случува кога имате дом преполн со играчки, а вашето дете не ги користи. Наместо со нив, децата си играат со виљушка, шише со вода или, пак, кутијата со зачини. Можеби е време да го прочитате знакот од вашето дете. Еден родител на „Редит“ опишал како го забавувал своето дете, па дури и работел на развој на вештини.

Предупредување: Немало играчка на повидок.

Корисникот потпишан како „u/Organic_dichotomy“ ја објавил својата „сензорна корпа на мрзливиот човек“. За да ја направи, фрлил неколку „овошни снегулки и житарки во голема чинија со стапчиња за јадење“. Звучи како комбинација инспирирана од појадок. Но, ако се гледа малку подлабоко на работата, оваа личност исто така вметнала неколку начини за да му помогне на своето малечко да научи и да практикува важни животни вештини.

„Независна игра, координација на рака-око, плус ужина – сите споени во едно“, рекол родителот. Некои од корисниците на „Редит“ биле навистина инспирирани.

Други корисници ги споделиле своите омилени начини за занимавање на децата без играчки. „Моето дете доби полнач за мисирка, калап за мафини, топчиња за пинг-понг и чинија со вода. Не морав ни да го облечам бидејќи и онака ќе се натопи“, споделил еден од корисниците. „Моето дете моментално е зафатено со собирање бел слез од кутија со слатки“. „Буквално, вчера мојот начин за занимација подразбираше сад со вода и дрвена лажица за мешање, чаша за мерење и парчиња портокал што лебдеа во неа“, напишал некој друг.

„На децата не им требаат вистински играчки“, вели Алана Гало, основач на „Играј, учи, развивај се“. „Тие се родени да играат и природно ќе гравитираат кон предмети со отворен крај“.

Родителите често се шегуваат дека децата си играат со кутијата во која играчката била сместена, многу повеќе отколку што си играат со вистинската играчка. Гало вели дека има причина за тоа. „Кутијата е со отворени краеви, а често играчката не е“, вели Гало. „Играчките со отворен крај ќе обезбедат бескрајни можности за игра, ќе ги задржат децата ангажирани подолго време и ќе ги поттикнат креативноста и имагинацијата повеќе од која било модерна играчка. Колку е поедноставно, толку подобро, кога станува збор за играчките и играта“.

Која е една од омилените на Гало за нејзиното семејство?

„Лепењето шпагети во цедалка е омилена активност во нашата куќа“, вели таа.

Автор: Бет Ен Мајер

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top