Пред и откако ќе станете родители постојат различни курсеви кои би требало да ви помогнат подобро да го одгледувате и воспитувате вашето дете. Некои се соодветни, а некои како да немаат допирни точки со вистинските деца, додека некои, пак, воопшто не постојат, а би требало. Повеќето од курсевите за родители ќе ве научат на некои основни работи што не ги знаете и, за среќа, таквите курсеви постојат. Но, со децата доаѓа и до некои ситуации со кои не знаете да се справите и тогаш и тоа како добро би ви дошло да посетувате еден од овие курсеви што не постојат, а би требало да бидат измислени:

1. Управување со лутина поради лего-коцки

Тука не би учеле како да ја насочиме лутината на замок со кули изграден од лего-коцки, туку како да се носите со лутината откако босоноги ќе стапнете на коцка во текот на ноќта кога одите во тоалет или ќе пронајдете 2.736 парчиња расфрлени низ цела соба или најлошо – кога морате отпочеток да изградите нешто што е правено два часа само затоа што креацијата случајно сте ја срушиле со лакот. Ништо не може во толкава мера да предизвика внатрешен родителски бес како таа светски позната коцка.

2. Запознавање со други родители

via GIPHY

Другите родители се напорни. Добро, не баш сите, но цели групи родители како да не можат да дочекаат да ви се мешаат во воспитувањето на децата и делењето совети. Може да се шокирате кога ќе ви се случи првпат вакво нешто, а дополнителен стрес е кога ќе почнат да ве испитуваат. Самите одлучете дали веднаш ќе почнете расправија со нив или ќе побегнете.

3. Чекање во редови

Грди работи се случуваат додека чекаат во ред. Особено во ред во супермаркетите. Работи за кои потоа не сакате да размислувате, ниту да ги споменувате. Тие грди случки вклучуваат и мали деца, напади на бес и предмети што се наоѓаат на полиците непосредно пред касата. Помешајте го сето наведено и ве очекува пекол. Уште кога пред вас ќе има големо семејство, ако се суди според количината на купените намирници, а зад вас има толку голема редица што буквално се чувствувате како да сте во замка. Децата врескаат, јајца се кршат, скапите чоколади што не сте имале намера да ги купите одеднаш се наоѓаат во вашата количка, веќе отворени, и сето тоа заедно потсетува на сцена од некој филм. Би требало да постои курс кој би нè научил само како да го преживееме чекањето во ред.

4. Камп за дешифрирање тинејџерски јазик

Тинејџерите како да зборуваат на тинејџерски јазик. Ако не го зборуваат, тогаш го пишуваат на „чет“, на „Фејсбук“ или „Твитер“. Ако немате поим што е „Снепчет“ или немате поим каде одат вашите млади деца кога случајно ќе ви испратат порака „ИУП“, можеби е подобро и да не знаете.

5. Отпакување на играчките

via GIPHY

Чија била брилијантната идеја да ги прицврсти апсолутно сите играчки и уреди за кутија, за сите да имаме шрафцигери при рака цело време? „Како побрзо и безболно да ги извадиме производите од кутија“ – би требало да биде курс кој ќе се нуди истовремено кога ќе тргнете на породилно отсуство.

6. Рехабилитација за играчки

Детето добива играчки. Пет минути потоа: детето ја расипало играчката. Таквите играчки најчесто завршуваат во некоја кутија со други играчки бидејќи ние обично немаме време да се занимаваме со поправки. Или произведувачите на играчки би требало да престанат да нарачуваат сè од Кина или би требало да почнат сами да изработуваат квалитетни играчки. Во секој случај, повеќето родители би платиле за некој да ги научи да ги вртат тркалата на „корветата“ на Барби, или како да ги отстранат длабоките гребеници од видеоиграта што чини многу, а е користена како подлога за шолја топло млеко.

7. Општествен сарказам

Ова е дополнителен курс кој би требало да го посетуваат сите родители (и луѓето без смисла за хумор). Опуштете се и смејте се! И гушкајте ги своите деца.

Автор: Маја Томиќ



912

X