Вонредната состојба и куќната изолација за родителите претставуваат вистински предизвик, со оглед на тоа дека нема човек кој не се запрашува како да се смисли забава за децата и квалитетно да се помине времето „во четири ѕида“. Нина Спасиќ, педагог од Ниш, Србија, вели дека сè може да биде забавно, баш како и во познатиот воен филм „Животот е прекрасен“, со помош на малку имагинација и волја.

Нина Спасиќ е по струка дипломиран педагог и го застапува правецот кој, пред сè, подразбира пријателство со децата. Таа објаснува дека постарите не треба да покажуваат став дека се попаметни и посупериорни од децата, туку заедно доаѓаат до решенија.

– Ние имаме дете од 8 години. Нашата куќа веќе ја претворивме во замислен хотел. Му дадовме име. Секој доби своја улога. Некој е рецепционер, други се готвачи, имаме и шеф и хигиеничари. Работите се еднакво поделени и ние веќе три дена чекаме важни гости кои треба да стигнат од далеку. Читаме што сакаат да јадат, што е специфично за нивната земја, со што би биле задоволни кога ќе дојдат кај нас. Најважно е на детето да му се даде некоја улога, да почувствува одговорност, да почувствува дека е важно – вели Спасиќ.

Таа вели дека има многу начини за децата да се забавуваат дома и тоа без компјутер и телефон. Доволно е само родителите на половина час да седнат на килим и да си поиграат со нив, па ефектот ќе биде посилен отколку на детето да му се купат најмодерни играчки. Таа потсетува и на традиционалните игри со кои пораснаа многу генерации.

– Треба на децата да им се приближат игрите со кои растеле родителите. Сите се сеќаваат на „Балонот се надува…“ и слични. Забавни игри со 4 играчи може да се најдат на интернет со упатства. Може да се игра криенка, топло-ладно, или пак потешка задача, со цртање мапи, шифри, знаковна азбука за дешифрирање мапи, па детето ќе мора да размислува и да се труди да го пронајде скриениот предмет. Важно е родителите да се опуштат и да се претворат и самите во дете, па потоа идеите ќе навираат – советува Нина.

Како да се преброди „непријателот“

Важно е на детето убаво да му се објасни ситуацијата, но бидејќи и детето може да има корисни совети, треба да му се даде можност да го искаже тоа што мисли дека е најдобро за да се преброди тешкиот период и да се победи непријателот, во овој случај вирусот.

Извор



912

X