Секоја жена што планира потомство треба да знае како всушност се пресметуваат плодните денови, односно деновите кога нејзиното тело е подготвено за оплодување. Процесот се нарекува овулација, па може со сигурност да се пресмета кога таа ќе се случи и таа пресметка е многу корисна за планирање или спречување на бременоста.

Сè се случува во средината на менструалниот циклус, а една јајце-клетка е подготвена за оплодување 12 до 24 часа по овулацијата. По прскањето на фоликулите, јајцето се ослободува во Фалопиевата цевка и се движи кон матката. Доколку клетката се оплоди во тој момент, таа се всадува во ѕидот на матката и започнува бременоста, во спротивно се исфрла делот од ѕидот на матката (ендометриум, што дополнително доведува до менструално крвавење).

Како да го знаеме времето на овулација?

Менструалниот циклус минува низ три фази: фоликуларна фаза во која растат и созреваат фоликулата и јајце-клетката, фаза на овулација и фаза на жолтото тело. Овулацијата се јавува на крајот од првата фаза, која обично е две недели пред менструалното крвавење, но зависи и од личноста.

Како да се одредат плодните денови?

Најдобро е да го запишете датумот кога добивате менструација, а тоа е и првиот ден од циклусот. Последниот ден од циклусот е денот пред да се случи следното крвавење. Овулацијата се јавува околу две недели пред почетокот на следниот менструален циклус. Ако го земеме како пример просечниот редовен циклус од 28 дена, тој би се пресметал на следниов начин:

Менструален циклус 28 дена.
Овулацијата ќе се случи на 14-тиот ден.
Плодните денови се 9., 10., 11., 12., 13. и 14. ден од циклусот (време на преживување на спермата + овулација).

Еве уште неколку знаци на овулација кои можете да ги почувствувате:

Вагиналната слуз се интензивира неколку дена пред овулацијата. Нејзината функција е да го помага преминувањето на спермата во матката, а во плодните денови има карактеристичен изглед кој потсетува на белките од јајце. Базалната температура е најниската температура во текот на денот, а може да биде и показател за овулација. Секое утро, приближно во исто време, измерете ја температурата пред да станете од кревет и следете ја. За време на овулацијата температурата се зголемува од 0,3 на 1 степен.

Извор



912

X