Воспитување

Како да ги научите момчињата да се справуваат со своите емоции

Момчињата треба да запомнат една работа кога станува збор за нивните чувства (особено лутината): секогаш имаат избор како да одговорат. Така вели авторот и педијатар Мег Микер.

Д-р Микер објаснува дека кога момчињата се мали, како дел од нивниот емоционален развој, тие треба да научат дека иако нивните чувства можат да бидат интензивни, не треба да бидат управувани од нив. Всушност, таа вели дека мајките можат да им го кажат на своите синови ова: „Дали ќе дозволиш твоите чувства да доминираат во твоите одлуки или ќе преземеш одговорност за нив?“

Еве како да го научите вашиот син да се справува со своите емоции на конструктивен начин:

Именувајте ги емоциите

Пред да може вашиот син да се справи со своите емоции, треба да ги идентификува. Така, иако може да изгледа како да е лут на својот татко што доцни на закажаната игра, вистинското чувство под површината е всушност – тагата. Научете го да гледа подалеку од површинските емоции и да се насочи кон она што лежи подлабоко.

Зелено светло за чувството

Обидете се да не го натерате вашиот син да се чувствува виновен за сопствените емоции. Како што вели д-р Микер, „Момчињата можат силно да чувствуваат нешто, но потоа мора да изберат како — и како не — да одговорат на тие чувства“. Затоа, немојте да го учите вашиот син да ги потиснува гневот, љубомората или другите силни емоции. Сите тие се дел од човечкото искуство.

Повикување за акција

Штом чувството ќе се идентификува и признае, момчињата мора да одлучат што да прават со него. Прво, поттикнете го вашиот син да зборува за она што го чувствува. Тој не мора премногу да го анализира, но ако може да го вербализира, тоа е огромен чекор напред. Потоа можете да го водите и насочувате за да не се збунува, преку совети за тоа како да ги среди своите чувства преку филтер што ги зема предвид неговите морални верувања.

Нека ја преземе одговорноста

Вашиот син треба да знае дека, во крајна линија, тој е одговорен за тоа како реагира на сопствените чувства. Научете го дека физичката сила е неприфатлива и дека никогаш не треба да користи таков тип на сила со другите. Ако треба да се ослободи од агресијата, тој може да најде физичко ослободување преку вежбање, удирање во перница или дури и врескање во перница. Мојот многу мудар вујко, кој исто така е детски психолог, вели дека треба да ги научиме нашите деца дека тие се шефови на нивните чувства.

Автор: Ненси Џергинс

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top