Да ги учите децата за граници е важно, а изнаоѓањето добар начин за да се пристапи на оваа витална тема е преку свесноста и набљудувањето на моменталното однесување на децата. Тоа вклучува да бидете присутни во секоја смисла кога сте во интеракција со нив и најважно – да им го дадете вниманието кое им треба кога им треба. Очигледно ова не е секогаш лесно да се примени, со оглед на многуте обврски во секојдневието и низата дистракции кои може да ви се најдат на патот.

Да се обврезете дека ќе бидете посветени и присутни со вашите деца може да изгледа едноставно, но често доаѓа до комплексни ситуации и потреба за изнаоѓање соодветни решенија. За да го сторите тоа, мора да бидете свесни што навистина се случува и да престанете со претпоставки. Тоа би го привлекло вниманието на вашето дете, бидејќи веќе тоа веројатно е навикнато да биде неразбрано од семејството, пријателите и многуте авторитетни фугури околу него. Што се однесува до вашето дете, сите едноставно „не го сфаќате“.За да се развие овој тип на свесност, потребно е свесно обврзување за да го примените истото. Има едноставен процес кој се достигнува, но не е лесен. Па, обврзете се да бидете присутни со вашите деца и проследете ги следните чекори.

Што треба да знаете кога ги учите вашите деца на граници?

Одговорот може да е изненадување. После неколку години интеракција со деца професионално и лично, можам да споделат совети за оваа тема. Но, клучот не е во „што“ да направите, туку „како“ да направите. Затоа да се биде присутен и свесен е од есенцијална важност, односно да им дадете целосно внимание на децата кога стапувате во интеракција со нив. Без тоа, нема да ги достигнете посакуваните резулати.

Она што е неверојатно околу целата оваа тема за границите е дека децата всушност, се жедни за граници и ограничувања. Се разбира, никогаш не би го рпзинале тоа. Но, не ги почитуваат или не им веруваат на луѓето кои не посветуваат време на сето ова. Чувствуваат дека не се грижат доволно за нив. Но, поентата е дека тие не сакаат да бидат присилени на граници. Никој, особено децата, не сакаат да им се кажува што да прават.

Треба да произлезе од срцето, а не од главата.

Кога дете набљудува родител како искрено и природно поставува граници со очекувања дека ќе бидат почитувани, детето е среќно да ги исполнува бидејќи одеднаш тие станале нивна идеја, а не од родителите. Овој процес да се биде свесен и присутен, ја елиминира сета борба за да се примораат децата на одредено однесување.

Не грижете се за тоа дека нема некои специфични и конкретни совети за да ги научите децата на граници. Децата ги сакаат границите па дозволете им да ги имаат на начин полн со љубов и сочувство. Најдоброто во тоа да се биде родител е кога детето чувствува и интуитивно разбира дека родителот го сака со целото срце и душа.

Автор: Џозеф Стасаитис

Извор



912

X