Искрениот разговор, во кој се посветува внимание и фокус на детето, резултира со длабоки чувства на поврзаност, сигурност и доверба, изјавила психологот Барбара Бекер Холштај.

Како да изградите доверба во разговорот со децата и да им помогнете да ви се отворат?

Одвојте време за вашите деца за важни прашања

Децата генерално не сакаат изненадувања, освен ако тоа не се играчки, пари итн. Бидете внимателни и однесувајте се со нив со истата учтивост како и со возрасните и одредете време и место за разговор. Детето ќе биде подготвено да разговара бидејќи ќе ја чувствува и цени вашата почит.

Обрнете внимание кога избирате време за разговор

Не поставувајте важни прашања кога вашето дете е уморно, гладно, раздразливо, има главоболка, има тест следното утро, или можеби чека порака од симпатијата. Времето е исклучително важно, ако се надевате дека ќе имате значаен разговор.

Споделете ги вашите тајни со нив

Споделете ги вашите најдлабоки чувства, стравови, па дури и тајни од вашето растење, во соодветни моменти во разговорот додека поставувате прашања. Вашите деца треба да знаат дека и вие сте правеле грешки во адолесценцијата. Ако сте искрени со вашите деца, тие исто така ќе бидат попристапни кон вас.

Прашања што треба да ги поставите ако сте загрижени за нив:

  1. Секој ден читам за разни супстанции за предозирање. Дали некој ви пристапил со цел да пробате?
  2. Што се случува во град? Дали некој ги тера децата да користат дрога на местата каде што се дружите?
  3. Дали некогаш сум ви кажал/а како експериментирав кога бев млад и што ме натера да престанам?
  4. Како можам да ви помогнам кога зборуваме за сериозни работи како што е употребата на дрога и зависностите?

Прашања што треба да ги поставите ако сте загрижени дека вашето дете е малтретирано или злоупотребено:

-Во последно време изгледаш тажно. Можеби грешам, но дали некој те малтретира?

-Како училиштето ги третира насилниците?

-Бев малтретиран/а во средно училиште и смислив неколку одлични начини да побегнам од насилникот. Може ли да ги споделам со тебе?

-Дали би ми кажал/а ако некој те малтретира?

-Дали ќе ми кажеш ако ти си малтретирал/а некого?

Автор: Анамарија Милош

Извор



912

X