Мувонг и неговата сопруга Киконко се запознале на училиште, се венчале и се вработиле во компании со прилично напорна динамика на работа. Но, Киконко за брзо време сфати дека постојат многу пречки што ѝ се наоѓаат на патот за да ја постигне целта. Кога добиле деца, тие двајца седнале и направиле стратегија за да имаат кариери што и на двајцата ќе им го дадат она што го сакаат.

Некои избори го менуваат животот и треба да се донесат кога едниот или двајцата партнери сакаат да ја вратат кариерата. Ако во тие моменти тие не се согласуваат, тоа може да го уништи бракот и родителството. Затоа, од клучно значење е да се истражат и приспособат најдобрите стратегии за семејна работа за да се избегне можен конфликт и да се поттикнат добри резултати.

Важно е дека уште од самиот почеток паровите треба да одвојат време сериозно да зборуваат за важноста на приврзаноста кон кариерите. Прашањата што треба да се разгледаат вклучуваат: колку тој има намера да оди далеку за развој на кариерата и каква цена ќе плати семејството во однос на времето, вниманието и понекогаш, физичката оддалеченост? Дали потрагата по поголема финансиска стабилност е попривлечна од семејната стабилност или обратно?

Мувонг и Киконко почнале да го дизајнираат животот и го создале за да ги идентификуваат кариерите што би можеле да им го овозможат тој живот. Тие смислиле единствена визија во нивното брачно партнерство и за семејството што го имале. На крајот најмногу им помогнале разговорите. Секој од нив се согласил да придонесе за градење на нешто што ќе им одговара во текот на целиот живот.

Бидејќи и двајцата биле во доцните 30-ти години, одлучиле дека можат да ги преземат неопходните чекори, на крај одлучувајќи Киконко да ја напушти работата за да добие флексибилност што ја барала за подобро да се грижи за двете деца. Тој, од друга страна, продолжил со работата и ги покривал финансиските потреби. Таа подоцна лансирала бизнис за кој утврдила дека има сериозен потенцијал, за потоа да ѝ се придружи Мувонг.

Ова се неколку практични начини на кои можете да постигнете рамнотежа меѓу работата и семејството.

1. Приоритети – Мора да изберете кои работи ви се најважни. Направете ги најважните активности порано во текот на денот. Поставете временски ограничувања на одредени активности, како што е гледање телевизија и време за е-пошта.

2. Создајте посебни моменти за семејството – Можете да планирате вечера, викенди и одмор како семејство. Дури и едноставни работи како возење велосипед, играње, готвење заедно, сè што ви обезбедува време поминато заедно.

3. Време за себе – И малите и големите активности ви одземаат огромна енергија. Но, за да ги наполните батериите и да се чувствувате повторно како себеси, треба да си посветите време за себе и само за себе. Прошетајте сами, поминете го денот покрај езеро, море, река, планина или посетете пријател – тоа ќе ви ја врати енергијата.

4. Создајте семеен календар каде што ќе ги запишувате родендените, годишнините, семејните настани, училишните активности на вашето дете, датумите за плаќање сметки.

5. Делегација – Не сите работи имаат потреба од ваш придонес. Успешните луѓе знаат како и кога да делегираат задачи. Бидејќи се потребни многу луѓе што ќе ви помогнат да воспитате дете, можеби ќе треба да научите да делегирате со нив за да управувате со некои задачи за себе.

Автор: Мајкл Агаба

Извор



912

X