Малите деца се закон за себе и за нив важат нивните сопствени, генијални правила. Кога децата би напишале своја книга за бонтон, овие правила сигурно ќе се најдат во неа.
-Возрасна личност која спие мора да биде разбудена во секое време од која било причина.
-Ако треба да одите во тоалет, кажете ја вашата намера гласно и кажете им на сите околу вас што планирате да направите откако ќе стигнете таму. Ова е многу важно ако се наоѓате на мирно место како библиотека, банка или болница.
-Раното утро е за гласни звуци, лелекања и трескање на предметите. Исто така, добро време е да се вклучи играчката што е добиена како подарок за Божиќ – таа што со навистина иритирачки весел глас пее банални песни за форми и бројки. Зголемување на звукот и повторно притискање на истото копче е препорачливо.
-На новата храна мора да ѝ се пристапи со претпазливост. Мајка ви веројатно ќе сака да ве отруе, па ако ви понуди нешто зелено за кое тврди дека е „добро за вас“, во никој случај не дозволувајте да ви ја допира устата.
-Кога некој нов доаѓа во вашата куќа, секогаш треба да му покажете сѐ во вашата спална соба. Ако тие не сакаат да влезат во вашата спална соба, извадете ги сите ваши најобични работи, вклучувајќи го и капачето од шишето што го најдовте во дворот тоа утро – и ставете им сè во скутот додека тие се обидуваат да разговараат со мама.
-Ако ѕвони телефонот, подигнете го и не кажувајте ништо. Само земете здив, а потоа фрлете го телефонот и одете си.
-Правилото е исто и за повикување возрасни пријатели и роднини: не кажувајте ништо, само дишете во телефонот пет минути, спуштете и заминете си без објаснување. И за да бидеме појасни, не прекинувајте, само оставете ја линијата отворена за да можете да слушнете збунет глас како вели: „Ало? Здраво?“…
-Седнувањето на трпезата е опционално. Можете, а и треба да талкате низ куќата со храната, па ако е потребно, влезете во бањата, поделете малку со кучето, а нешто оставете во собата за подоцна.
-Ако јадете нешто што не ви се допаѓа, плукнете го во раката на најблискиот возрасен до вас.
-Ако треба да повраќате, погрижете се тоа да биде некаде на облеката на вашата мајка. Ако не е во близина, побарајте ја за да го постигнете тоа.
-И чевлите се опционални, особено кога ќе влезете во автомобилот за да одите на долго патување. Ако мама презела мерка на претпазливост да ви ги стави на нозе, почекајте да погледне настрана и веднаш соблечете ги пред да влезете во автомобилот. На тој начин, кога ќе пристигнете на вашата дестинација по пет часа, можете да кажете: „Немам чевли!“ и на сите да им го уништи патувањето.
-Откако ќе го разберете значењето и моќта на зборот „не“, мора постојано да го кажувате.
-Сите далечински управувачи на ТВ мора секогаш да бидат скриени некаде каде што возрасните нема да ги најдат. Ова е тешка задача за модерните мали деца бидејќи понекогаш може да се сокријат до четири или пет далечински управувачи. Тоа е тешка работа, но некој мора да ја направи.
-Кога мама е на телефон, мора да ѝ го привлечете вниманието. Ако не можете да ѝ го привлечете вниманието, треба да почнете да правите многу врева со удирање на нешто. Ако тоа не функционира, паднете и удрете ја главата од нешто.

-Секогаш кажувајте ја вистината, особено кога се во прашање влакната на брадата на баба Марија или поголемите гради на чичко Петар. Поставувајте многу прашања за нив многу гласно. Кога сите возрасни се преправаат дека не ве слушаат, настојувајте додека не добиете одговори.
-Ако мама или тато се во бањата, само влезете и почнете да разговарате со нив. Не тропајте и откако ќе влезете, одбијте да заминете додека не го завршите разговорот. Поставувајте многу прашања и ако имате време, пејте песна за „ништо“.
-Линијата за наплата во супермаркетот е идеално место за излив на бес или ненадеен нагон за одење во тоалет.
-Кога сте врзани за седиштето на автомобилот, користете го „вкочанетиот маневар“ за да не може да се постави безбедносниот ремен околу телото. Ова е особено важно ако родителите доцнат и треба да бидат некаде што е можно поскоро.
-Кога кивате и кашлате, правете неред и погрижете се да се лигавите врз сите во близина. Не заборавајте да го направите тоа што е можно погласно.