Ако сте се прашувале како бебињата го гледаат светот, ова кратко видео што една мајка го поставила на „Тик-ток“ ќе ви го долови тоа преку момче кое е толку воодушевено од возењето во количка за пазарување, што се смее со целото тело. А како функционира неговата перцепција и како информациите што ги прима доаѓаат до неговиот мозок, на тоа прашање експертите може да дадат одговори.

Едно од поинтересните објаснувања е на Алисон Гопник, професорка по психологија и филозофија на Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија, како и авторка на многу студии и книги. Имено, таа смета дека свеста и вниманието на возрасните функционира како рефлектор, односно дека одлучуваме дека е нешто важно и тогаш на тоа му посветуваме внимание, додека малечките деца тешко може да се насочат на само една работа, но се многу вешти во примањето многу информации од многу различни извори одеднаш. Се разбира, тоа е во согласност со нивната прва задача – да се запознае што побрзо светот во кој дошле.

Психологот објаснува дека кај возрасните таквата состојба на свеста е присутна кога се наоѓаат во сосема нови ситуации, на пример, кога се заљубуваат во нова личност, или кога првпат посетуваат некој град. Тогаш свеста не им се намалува, туку се шири, па доживувањето на светот ни е поинтензивно од вообичаено.

@thewisers

Don’t mind me, just making a fool of myself in Home Depot #JifRapChallenge #EatFreshRefresh #baby #babyboy #babiesoftiktok #fypシ #foryoupage #fy

♬ original sound – The Wiser Family

Автор: Сања Маташиќ

Извор



912

X