Сезоната на кајсиите привршува, а бебињата што не ги пробале и се на возраст меѓу 6 и 8 месеци првпат можат да го консумираат ова прекрасно овошје.
Зошто кајсиите се добри за бебињата?
Само 3 кајсии содржат околу 30 проценти од препорачаната дневна доза на витамин А, а освен тоа имаат висока содржина на витамин Ц. Тие содржат и витамини Б1, Б2, фолна киселина, ниацин и други витамини во помала мера.
Како да изберете кајсии за бебето?
Со оглед на тоа што кајсиите не се овошје што е многу загадено со пестициди, купувањето органско е ваш единствен избор. Најдобро е бебето да ги јаде оние позрелите, со портокалово-жолта до портокалова боја. Тие се меки на допир, но не се скапани. Кајсиите се сочни и треба да се јадат што е можно поскоро затоа што побрзо омекнуваат. Ако ги чувате во фрижидер, можат да стојат и до една недела, а ако купувате потврди кајсии, ставете ги во хартиена кеса и оставете ги да созреат ден-два.

Како најдобро да се подготват кајсии за бебе?
Кајсиите можете да ги испечете, така што ќе ги пресечете на половина, ќе ја извадите семката и потоа ќе ги ставите во плитка тава покриена со вода. На овој начин ќе ја задржат нивната природна сладост, а воедно и хранливите материи.
Исто така, кајсиите можете да ги сварите на пареа или во врела вода или да ги бланширате – ставете ги кајсиите во зовриена вода неколку минути, па извадете ги, прелијте ги со ладна вода и отстранете ја кората. Не заборавајте да ја отстраните семката.
912