Истражувачите од Универзитетот „Харвард“ открија дека децата што тргнуваат на училиште една година порано отколку нивните врсници имаат поголема веројатност да им биде дијагностицирано АДХД – дури и ако претходно го немале. Како резултат на тоа, голем број деца се водат со оваа состојба иако всушност се незрели.

Во најновото истражување, истражувачите ги анализирале податоците на повеќе од 407.000 деца од секоја држава и откриле дека помладите деца во истата група на ученици имале 30 отсто поголем ризик за дијагноза на АДХД отколку постарите ученици.

Истражувањето посочува дека оваа варијација може да биде објаснета од страна на експертите кои ги означуваат децата како да имаат дефицит на внимание/хиперактивност кога тие едноставно покажуваат однесување во согласност со нивната возраст.

– Нашите наоди сугерираат на можноста дека на голем број деца им е дијагностицирано АДХД затоа што тие се релативно незрели во споредба со нивните соученици во првите години од основното училиште – вели Тимоти Лејтон, водечки автор на истражувањето.

 

АДХД е нарушување што влијае врз однесувањето. Децата со АДХД може да мечтаат многу, да разговараат многу, да се немирни, често забораваат и губат работи, реагираат импулсивно, покажуваат однесување поврзано со преземање ризици.

Бројот на деца што се проценува дека имаат АДХД се менува со текот на времето и може да варира.

Истражувачите од „Харвард“ знаат дека училиштата во повеќето држави примаат и помали деца.

– Како што расте детето, малите разлики во возраста се изедначуваат и исчезнуваат, но однесувањето и размислувањето помеѓу 6-годишното и 7-годишното дете може да бидат многу изразени – вели Анупам Џена, еден од авторите на истражувањето.

Истражувачите ја споредиле стапката на дијагноза на АДХД кај деца родени во август со таа кај децата родени во септември помеѓу 2007 и 2009 година. Тие исто така ја споредиле стапката во државите во кои се барало децата да имаат 5 години до 1 септември за упис во училиште.

Откриле дека во државите каде што не се барало децата да имаат 5 години до 1 септември, децата родени во август имале 30 отсто поголема шанса за дијагноза на АДХД отколку децата родени во септември. Немало такви разлики помеѓу децата родени во август и септември во држави со лимит до 1 септември за запишување во училиште.

Кога станува збор за третман, истражувачите откриле дека на секои 100.000 студенти родени во август, 53 добиле лек за АДХД, во споредба со 40 од 100.000 родени во септември.

 



912

X