„Почитувани родители, а и вие што со тоа име само се служите, ми треба помош…

Затоа го изнајмив делот од просторот на овој огласувач за слики од кучиња, дечиња, кујна која ја немаме, места на кои не сме биле, храна која не сме… како и да е… Моите ученици од четврто одделение наскоро имаат писмена работа на тема – есен. Кај нас нема да биде есен во паркот, ниту на улица, а ниту во градот… Но, есента стигна во мојот училиштен двор каде што сум дежурна во среда и во петок. Така гледам, слушам, зборувам, мислам, се прашувам…

Каде се децата што знаат да го соблечат џемперот кога е топло?
Каде се децата што знаат да облечат јакна кога е студено?
Каде се децата што знаат да си го избришат носот или задникот?
Каде се децата што знаат каде им е ужината, гумата за бришење и тетратката по мајчин јазик?
Каде се децата што знаат да прашуваат или да бараат?
Каде се децата што носат сендвич, јаболка или банана од дома, а не се во бесконечниот ред за пица и газиран пијалак?
Каде се децата што се јавуваат на своето име кога ќе го изговорите само еднаш?
Каде се децата што умеат да си ги врзат врвките?

Каде се децата на кои мајката не мора да им каже: „Речи ѝ на тетката добро утро“?
Каде се децата чии мајки и татковци знаат да ѝ кажат на тетката добро утро?
Каде се децата што знаат како се вика мајката, а не само нејзиниот прекар?
Каде се децата што умеат да трчаат, скокаат и прескокнуваат?
Каде се децата што умеат да им пренесат порака на родителите?
Каде се децата што одат сами до училницата без придружба од мама и тато?

Почитувани родители, а и вие што со тоа име само се служите, што се случи?

Исплашена, веќе прилично изморена, а велат и постара учителка на идни првачиња!“

Ова е обраќање на мајка, која е и учителка, до родители кои не го трошат своето време на воспитување и подучување на децата и мислат дека е доволно секое утро да им го спакуваат ранецот и да ги испратат во училишните клупи и дека учителката, нивното и уште другите 30 деца ќе ги научи на сè што треба да го знаат. Што ги прашала учителката родителите, објави српскиот портал zelenaucionica.



912

X