Образование

Каде по 9. одделение? Објавен Конкурсот за запишување во средно образование за учебната 2026/2027 година + Работен лист за саморефлексија

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис на ученици во јавните средни училишта во Македонија за учебната 2026/2027 година. Пријавувањето на учениците ќе се врши во два уписни рока со две пријавувања – во месец јуни, на 12 и 23 јуни, и на 20 август 2026 година, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со најава на средношколците преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.


Пред вашето дете е една од најважните одлуки во неговиот досегашен развој – изборот на средно училиште. Овој период често е исполнет со возбуда, но и со многу прашалници. Дали да се избере гимназија или стручно училиште? Каде најмногу ќе дојде до израз талентот на вашето дете?

Најдобро е да разговарате и да ги поттикнете самите да размислат за своите желби и вештини. За таа цел, подготвивме практичен работен лист за саморефлексија. Испечатете го овој лист, дајте му го на вашето дете и нека ги одговори прашањата. Неговите одговори ќе бидат одличен патоказ за вашата заедничка дискусија и конечната одлука.

Поврзани написи

Деветгодишниот Алек ја претвора љубопитноста во знаење – преку свој јутјуб- канал ги учи децата за вселената и науката

Прочитај повеќе

Од училишна клупа до идна професија: Како да му помогнете на вашето дете да го направи вистинскиот избор?

Прочитај повеќе

Магдалена Ангелевска, специјалист клинички логопед: „Подобро е да се направи навремена процена и да се утврди дека развојот е во рамките на нормалата отколку да се изгуби драгоцено време“

Прочитај повеќе

Виолета Велеска-Чадевска, специјален едукатор и рехабилитатор: „Децата најдобро учат кога се чувствуваат безбедни и сакани, а вашата конзистентна поддршка ја гради нивната самодоверба“

Прочитај повеќе
To top