Неодамна познатата манекенка Криси Тајген им се придружи на многуте познати ѕвезди што отворено кажаа дека ги изеле сопствените плаценти по породувањето, како превенција од постпородилна депресија.
Ники Рид, Ким и Кортни Кардашијан, како и Кетрин Хајгл – по породувањето ги консумирале своите плаценти во облик на капсули, а сега и Клои Кардашијан има намера да го направи истото.
Криси Тајген ја сварила својата плацента и ја изела, а во познатото списание „Вомен хелт“ дури и се наоѓаат рецепти за готвење каде што плацентата се додава во смути или во лазањи.

– Навистина? Тоа не е нормално? Јас живеам во Лос Анџелес каде што ова е вообичаено и нормално. Овде се готви. Ако сакаш, можеш да пробаш од мојата плацента подоцна – ѝ се обрати Тајген, во неодамнешното интервју, на водителката Рита Брејвер, која скептично реагираше на таа практика.
Доктор Сара Свифт, гинеколог, се противи на оваа практика.
– Нема научни докази дека консумирањето плацента има некаква предност. Јадењето плацента не ја зголемува продукцијата на мајчино млеко, дури може и да дејствува сосема спротивно, а нема никакво влијание врз расположението. Сите предности се сметаат за плацебо-ефект – појаснува Свифт.
Повикувајќи се на напис во медицинското списание од 2015 година на истата тема, доктор Свифт изјави дека еден од недостатоците на консумирањето плацента е тоа што таа повеќе од 30 недели била во телото и поминала низ вагината, а кога ќе се обработи термички со варење или готвење на пареа, ја губи ефикасноста.
– По породувањето жената ја исфрла постелката низ вагината, која се наоѓа близу ректумот – што значи дека има целосен контакт со бактерии – смета Свифт.
Минатата година центрите за контрола на болести издале предупредување жените да внимаваат откако едно бебе се зарази со стрептокока од групата Б низ мајчиното млеко, а причината беше лоцирана во капсулите од постелката што ги консумирала мајката.
– Јас сум за природни и алтернативни методи, ако целта е жените да се чувствуваат подобро по породувањето. Меѓутоа, дури и кога некоја жена ќе одлучи да ја консумира постелката, треба да биде сигурна дека таа била обработувана два часа на над 130 Целзиусови степени за да се намали количината на бактерии и не би требало да се консумира ако е заразена – предупреди доктор Свифт, пишува „Пипл“.

 



912

X