Со оглед на тоа што Јужна Кореја сè уште го држи рекордот за земја со најниска стапка на плодност во светот, семејствата со новороденчиња ќе добиваат месечен додаток од околу 740 евра за да поттикнат повеќе раѓања.

Предлогот бил претставен оваа недела како дел од предизборното ветување на претседателот Јун Сук-Јол. За време на неговиот мандат, тој се осврнал на ниската стапка на фертилитет и демографијата во земјата. Така, секое семејство со новороденче добило приближно 220 евра во текот на првата година. Во последниве години имало и кампањи со кои се охрабруваат мажите да се грижат за децата и домашните работи, како и делење ваучери за опрема за новороденчиња. Идејата е новиот план да заживее во 2023 година. Кога детето ќе наполни една година, семејството ќе добива придобивки уште една година, но половина помалку.

Во Јужна Кореја стапката на наталитет се намалува од 2015 година, а во 2020 година првпат се забележани повеќе смртни случаи отколку раѓања. Очекуваниот број на деца по жена падна од 0,84 на 0,81 во 2021 година.

Покрај тоа што се борат со плодноста, жените во Јужна Кореја и подоцна се пораѓаат. Просечната возраст на мајката во 2021 година била 33,4 години, 0,2 години повеќе од 2020 година. Бројот на стари лица, исто така, рапидно се зголемува, па нивниот удел се зголемил меѓу 2020 и 2021 година за повеќе од 5 проценти. До 2100 година населението на Јужна Кореја се очекува да се намали за 53 отсто, или на 24 милиони луѓе.

Извор



912

X