Јутјуберката позната како RawBeautyKristi сподели неверојатна вест со своите следбеници – нејзината прва бременост.

Како што кажува, 15 години се борела со неплодност, се консултирала со голем број лекари кои ѝ тврделе дека никогаш нема да може да остане бремена. Сега одлучи да зборува за нејзината борба, па објави видео што предизвика емоции кај многу луѓе.

На видеото таа истакнува дека ја снимала секоја нејзина реакција на секој тест за бременост што го направила во текот на изминатите 12 години, за секој случај, надевајќи се дека еден ден ќе биде позитивен.

Во 9-минутното видео го вклучила и разговорот со сопругот за нејзината неплодност, како и едно видео снимено на почетокот од годината на кое му вели дека конечно се помирила со фактот дека не може да има деца.

По шест дена откако парот го снимил видеото, нејзиниот живот се променил, па таа ја снимила и нејзината реакција.

– 10.000% се откажав од фактот дека овој ден ќе дојде и конечно се помирив со тоа. Се колнам, дури и кога седам и го пишувам ова се чувствувам како да сум во сон. Не знам кога сето ова ќе ми стане реалност – пишува таа.

Извор



912

X