Родителите се прашуваат зошто детето секогаш, кога таткото и мајката ќе му речат, на пример, немој да го правиш тоа или немој да го јадеш тоа, или јас сега морам да излезам, а имаш во собата многу играчки, но внимавај, оваа играчка може да ти направи некоја неволја, или имаш многу разновидно овошје, но немој баш тоа овошје, ќе ти биде лошо – зошто детето секогаш, ама баш секогаш го прави она што сте му го забраниле? Зошто баш она за кое родителот вели „не“?

Човекот чувствува постојана потреба да ја крши забраната, границите да се испитаат, да се направи баш она што не би требало за да се провери зошто тоа нешто е забрането.

Но, ако родителот го рекол тоа со целосна љубов, стојам зад тоа дека детето ќе послуша. Ако родителот рекол „немој да го правиш тоа“ со љубов, без трошка желба детето да го послуша по секоја цена, тогаш детето нема да направи ништо лошо. Тогаш тоа нема да биде предизвик за него да не послуша бидејќи ќе ја почувствува љубовта со која од него нешто се бара.

Автор: Владета Јеротиќ



912

X