Јелена Ѓоковиќ, сопруга на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, со кој има две деца, синот Стефан и ќерката Тара, ги откри тајните на своето мајчинство и родителство, како и тоа дека сопругот ѝ е најдобра поддршка.

– Имаме многу хармоничен однос, тој ја поддржува мојата амбиција, а јас неговата. Направивме баланс. Се поддржуваме еден со друг во бранови. Јас сум една силна жена благодарение на мојот маж, кој апсолутно почитува сè што сум – вели Јелена.

За воспитувањето на своите деца објаснува:
– Ги воспитуваме децата со својот пример. Воопшто не можеме да влијаеме на тоа само ако поставиме граници и некои насоки, а ние самите да не го демонстрираме она во што веруваме. Новак и јас се трудиме да грешиме секој ден. Во контактот со нашите деца ги согледуваме нашите грешки и имаме можност да ги коригираме – одговори искрено Јелена.



912

X